dcsimg

Домат ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Домат (науч. Solanum lycopersicum, разг. „патлиџан“) — едногодишно растение од фамилијата зрнци (Solanaceae), слично на компирот. Се употребува за исхрана на луѓе и животни. Во Македонија во 2010 година се произведени 168 010 тони домати.[2]

Историја

 src=
Домат - „рајско јаболко“

По потекло е од Централна, Јужна и од јужните краеви на Северна Америка - од Мексико до Перу. За прв пат ја опишал лекарот и ботаничар Матиоли во 1554 година. Поимот „домат“ е изведен од ацтечкиот збор томатотл, навлезен преку неговиот хиспанизиран облик tomate.

Употреба

Доматот е овошје што во исхраната се употребува: свеж, конзервиран како на пример зелен поткиселен домат во туршија и зимница, како сок, прелив (кечап - доматен сос) или како зачин. Неговите плодови се богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар.

Опис

Растението е повеќегодишни, но во умерениот климатски појас се одгледува како едногодишно. Со напредните земјоделски техники на производство во контролирани услови во стаклена градина (и пластеници) постојат и повеќе реколти (берби) во текот на една година, односно две до три, на крајот на зимата или раната пролет и во средината и кон крајот на летото. На површината е влакнесто и лепливо. Растението типично достигнува височина од 1 до 3 м и има слабо дрвенесто стебло кое често расте како ползавец со други растенија. Листовите се долги 10 до 25 см со назабен раб. Цветовите се со пречник од 1 до 2 см, со жолтеникава боја.

Сорти

Постојат повеќе видови на домат, кои што се одгледуваат ширум светот и во Македонија. Најпознати се: рајско јаболко поради што во повеќе средноевропски земји доматот се нарекува „рајчица“ (хрватски) или „рајчата“ (чешки), ситната сорта на црешовиден домат наречена „шери“ (cherry), јабучар, воловско срце, розев или индустриски домат итн.

Јабучар

 src=
Јабучар во село Трубарево

Јабучар е сорта на домат кој изобилува со неговата големина и специфичната розева боја. Најмногу го има во околината на Скопје и во Струмичкиот предел[3]. Тој се карактеризира со розова боја и вкус на вистински домат. Исто така, помал број производители почнале да го одгледуваат познатиот јабучар во пластеници, сами собирајќи семе, но и покрај тоа што е произведен во заштитени улови, неговата трајност е ограничена на само неколку дена [4].

Во 2013 година, во Охрид изниклал јабучар со големина од еден килограм. Доматот, воопшто не бил прскан со пестициди или други заштитни средства, единствено е прихранет и испрскан против штетници со чај од варени коприви, а наводнувањето е со системот капка по капка со изворска или остоена вода, која воопшто не соддржи хлор.Тајната за овој џиновски и вкусен домат се состои во навременето прскање со препаратот од коприва и навремено наводнување.

Јабучарот, кој е чист и еколошки здрав и мириса на вистински домат, се губи во последните години. Успева да опстои и во густо населени подрачја, но и во градски средини[5]. Никнува од 7-15 дена од денот на сеењето. Потребна е голема влажност на земјата и топлина во првите 10 дена. Ако садниците се многу блиску една покрај друга, тогаш треба да се расадат на друго место на поглемо растојание. Кога билките се околу 5 санмтиметри големина, слободно можат да се наводнуваат преку листовите. Доматот треба да се наводнува со млака вода од 18-28°C, бидејќи ако се заливаат со ладна вода, билките можат да добијат шок и да угинат или да имаат последици во понатамошната вегетација[6] .

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. "Утврдено со молекуларни филогенетски анализи. Погл. Филигенетика на родот зрнец (Solanum) (англиски)
  2. Производство на домати: МакедонијаФАО (англиски)
  3. „скопски јабучар | агри.мк“. agri.mk (en-US). конс. 2017-08-28. ([[:Category:|link]])
  4. „Наместо „јабучари“ произведуваме „дрвени “домати“. Економски. 2013-08-12. конс. 2017-08-28.
  5. Во двор во Охрид одгледан џиновски домат тежок 1 килограм“.
  6. „Uzgoj Paradajza "Domaći Jabučar" (Organska Proizvodnja)“. organska-hrana.blogspot.mk. конс. 2017-08-28.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Домат: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Домат (науч. Solanum lycopersicum, разг. „патлиџан“) — едногодишно растение од фамилијата зрнци (Solanaceae), слично на компирот. Се употребува за исхрана на луѓе и животни. Во Македонија во 2010 година се произведени 168 010 тони домати.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија