Влекачи, влечуги, рептили (лат. Reptilia), — група на ‘рбетни животни во која спаѓаат змиите, гуштерите, желките, крокодилите, туатарата, како и бројни изумрени фосилни видови. Меѓу рецентните форми постојат околу 2,500 видови на змии, 3,000 видови на гуштери, близу 250 видови на желки и тортоизи и 21 вид на крокодили. Тие се распространети низ умерените и тропски региони на светот; сите се ладнокрвни (зависни од околината во однос на топлината на телото), а само неколку влекачи можат да живеат во ладните региони. Науката чиј предмет на проучување е оваа група на животни се нарекува херпетологија.
Мнозинството од влекачите се овипарни (младите се изведуваат од јајца), но многу змии и гуштери се вивипарни (раѓаат живи младенчиња). Постоечките влекачи се карактеризираат со развитокот на две ембрионални мембрани: заштитен амнион, или јајцева торбичка, и респираторен алантоис, или васкуларна фетална мембрана. Амнионот, кој го имаат сите влекачи, птици и цицачи, оневозможува исушување на јајце клетката, па така раните стадиуми од животниот циклус на животното не се зависни од вода. Кај повеќето змии и некои гуштери, функционален е само еден бел дроб; кај другите влекачи се развиени и двата бели дробови. Тораксот и абдоменот не се одделени со дијафрагма, а дишењето се довршува со мускулите на телесниот ѕид.
Бидејќи се ограничени со температурата на својата животна средина, рептилите хибернираат во региони каде зимата е студена, а некои видови естивираат, односно стануваат неактивни во исклучително топли и суви региони. Рептилите се познати како ладнокрвни животни, што не е сосема точно, бидејќи некои рептили кога се активни ги одржуваат своите тела на повисока температура отколку онаа кај повеќето цицачи. Важна разлика во температурната физиологија е таа што влекачите зависат од надворешните извори на топлина, додека птиците и цицачите користат внатрешна топлина. Влекачите ја регулираат својата телесна температура со искористување на различни извори на надворешна топлина, како што е директната сончева светлина, топли камења и дрва, како и загреаната почва. На ваков начин, одредени видови влекачи ја одржуваат константната внатрешна температура специфична за самиот вид. Често оваа температура е доста повисока од температурата на околниот воздух. Само кога животното е неактивно или спие, неговата телесна температура е приближно иста како таа на животната средина.
Скелетот на рептилите е речиси целосно окоскен (не‘рскавичен). Черепот е приврзан за ‘рбетниот столб со единечен кондил, или зглоб, исто како кај птиците. Ребрата на тораксот се прикрепени за градната коска, а кога е присутен сакрум (коска на карлицата), сакралните ребра артикулираат со карличниот појас. Можат да бидат присутни два целосни пара на екстремитети или, пак, тие може да се редуцирани или да отсуствуваат, како што е кај змиите и некои гуштери. Кожата е покриена со лушпи и коскени плочки кои може да се расположени под кожата.
Срцето на влекачите се состои од три комори, вклучувајќи и две аурикули и една вентрикула. Сепак, кај крокодилите, вентрикулата е речиси целосно одделена на две комори со септа (преграда). И двата ембрионални аортни лаци (одредени артериски гранки најдени во ембрионите на ‘рбетниците) се задржале кај влекачите, во споредба со птиците и цицачите, кај кои се развива само еден. Крвта од вените се враќа во срцето од опашката и задните екстремитети, преку бубрезите, од страна на бубрежен портален (венско-капиларен) систем; крвта од абдоменот се враќа од страна на портален систем кој минува низ црниот дроб. Мочниот меур е присутен само кај желките, тортоизите и гуштерите.
Најраните влекачи се појавиле за време на доцниот карбониферен период од палеозоикот. Повеќето форми еволуирале и развиле во мезозоикот, кој е познат и како Време на рептилите. Оттогаш голем дел од рептилни видови се изумрени; само 5 од 23-те реда на влекачи кои постоеле и денес имаат живи претставници. Најпознатите редови следат подолу.
Овој ред се состои од гуштеровидни влекачи познати како туатари, кои се разликуваат од гуштерите со своите остеолошки (коскени и скелетни) карактеристики. Ринхоцефалите се добро познати од тријасот и јурата, но денес сите се изумрени освен Новозеландскиот туатара од родот Sphenodon.
Овој ред ја сочинува најголемата група на живи влекачи и содржи околу 5,500 видови на гуштери и змии. Исто така содржи и одредени изумрени форми наречени Pythonomorpha кои имале змијовидни тела и гуштеровидни екстремитети.
Овој ред, наречен уште и Testudines, бил веќе издиференциран од другите рептили уште во тријасот и денес ги сочинува желките и тортоизите. Видовите од овој ред се единствени по тоа што имаат долги и рамни ребра над кои се наоѓа оклопот од остри лушпи. Бидејќи телесните ѕидови се ригидни од коскениот штит, овие животни мораат да дишат преку процес сличен на голтањето, наместо да ги користат мускулите на телесниот ѕид.
Крокодиловидните влекачи еволуирале во доцниот тријас и се најблиските живи роднини на диносаурусите и птиците. Срцето е речиси целосно поделено на четири комори; мозокот покажува поголем развој и мускулатурата на желудникот е високоразвиена.
Сите членови на овој ред се изумрени. Редот се состоел од големи морски влекачи кои имале рибовидни тела и весловидни екстремитети. Видовите од типичниот род, Ichthyosaurus, растеле до повеќе од 4 m.
Добро познатите диносауруси припаѓале на овие редови на долговратести и долгоопашести рептили кои најпрво се појавиле во тријасот. Тие станале чести во подоцнежните периоди, сѐ до крајот на мезозоикот, кога изумреле (освен птиците).
Ова е група на изумрени летачки рептили кои биле роднини на диносаурусите.
Членовите на овој изумрен ред се познати како “цицачовидни рептили”, бидејќи се предци на цицачите. Тие постоеле за време на пермот и тријасот.
Влекачи, влечуги, рептили (лат. Reptilia), — група на ‘рбетни животни во која спаѓаат змиите, гуштерите, желките, крокодилите, туатарата, како и бројни изумрени фосилни видови. Меѓу рецентните форми постојат околу 2,500 видови на змии, 3,000 видови на гуштери, близу 250 видови на желки и тортоизи и 21 вид на крокодили. Тие се распространети низ умерените и тропски региони на светот; сите се ладнокрвни (зависни од околината во однос на топлината на телото), а само неколку влекачи можат да живеат во ладните региони. Науката чиј предмет на проучување е оваа група на животни се нарекува херпетологија.