Елен лопатар (науч. Dama dama) — цицач од семејството на елените (Cervidae) домороден во Евроазија (вклучувајќи ја Македонија[2]), но потоа доведен во многу краишта како ЈАР, Фернандо По, Сао Томе, Мадагаскар, Маврициус, Мајот, Реинион, Сејшелите, Коморите, Мароко, Алжир, Тунис, Кипар, Зелениот ’Рт, Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД, Фолкландските Острови и Перу.[3][4] Честопати за негов подвид се смета и пореткиот персиски елен лопатар, како D. d. mesopotamica),[5] додека пак други го сметаат за посебен вид (D. mesopotamica).[1]
Мажјаците се долги 140–160 см, високи 85–95 см и тешки 60–100 кг. Кошутите (женките) се долги 130–150 см, високи 75–85 см и тешки 30–50 кг. Најголемите мажјаци достигнуваат 190 см во должина и 150 кг во тежина.[6] Младенчињата се раѓаат напролет со големина од 30 см и тежина од околу 4,5 кг. Животниот век на еленот лопатар е 12–16 години.
Единките прилично се разликуваат по боја, при што постојат четири главни варијанти: обична, менилна (светлa) меланистична и леукистична.[7] Најсветли се белите, а потемни се обичните и менилните, додека пак меланистичните се многу темни, па дури и црни (лесно можат да се помешаат со дамчестиот елен).
Највеќето стада се состојат од обични единки, но неретко се среќаваат и менилни единки. Меланистичните единки се поретки, а белите пак најретки, освен новозеландските стада, кои имаат по многу меланистични единки.[8]
Само мажјаците имаат рогови, кои првите две години се шилести, а потоа го добиваат карактеристичниот лопатест облик. По исхрана се тревопасни и претпочитаат мешани шуми и отворени тревести предели. Во парната сезона, мажјаците се расејуваат, а женките се движат меѓу нив. Ова е посебно поведение кое не се јавува во остатокот од годината, кога единките настојуваат да бидат заедно во групи до 150 единки.
Ова е мошне брзи и агилни животни кои развиваат брзина до 48 км/ч[9] на кратки растојанија, но не се побрзи од многу нивни сродници како срната поради послабата мускулатура. Можат да скокнат 1,75 м во висина и 5 м во далечина.
Еленот лопатар е евроазиски вид[10] кој бил домороден во речиси цела европа за време на последниот меѓуледнички период. Во холоценот, живеалиштето му е ограничено на Блискиот Исток и можеби, делови од Средоземјето, додека на југоисток живеел персискиот елен лопатар кој е поголемо тело и рогови. Утврдено е дека во Левантот, еленот лопатар играл значајна улога во исхраната на луѓето за време на палеолитската кебарска култура (17 000–10 000 п.н.е.), како што се гледа од наодите во северен Израел, но нивниот број се намалил за време на епипалеолитската натуфска култура (10000–8500 п.н.е.), што можеби се должи на поголемата сушност и губитокот на шумските предели.
Во Македонија еленот лопатар е присутен како доведен вид.[11]. Неговата бројност флуктуира од година во година и од регион во регион. Најзастапен е во Источниот регион.[12] Еве ја бројната состојба во периодот од 2010 до 2014 г.[12]
|accessdate=
(помош) Елен лопатар (науч. Dama dama) — цицач од семејството на елените (Cervidae) домороден во Евроазија (вклучувајќи ја Македонија), но потоа доведен во многу краишта како ЈАР, Фернандо По, Сао Томе, Мадагаскар, Маврициус, Мајот, Реинион, Сејшелите, Коморите, Мароко, Алжир, Тунис, Кипар, Зелениот ’Рт, Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД, Фолкландските Острови и Перу. Честопати за негов подвид се смета и пореткиот персиски елен лопатар, како D. d. mesopotamica), додека пак други го сметаат за посебен вид (D. mesopotamica).