dcsimg

Маслинка ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Маслината или маслинка (науч. Olea europea) е мало дрво од фамилијата Маслинки (Oleaceae), што значи "европска маслинка", е вид на мало дрво во семејството Oleaceae, кои се засновани на Средоземјето од Португалија до Левант, Арабискиот полуостров и јужна Азија источно како Кина , како и Канарските Острови и Реунион. Видот се одгледува на многу места и се смета за натурализиран во сите земји на медитеранскиот брег, како и во Аргентина, Саудиска Арабија, Јава, Норфолк, Калифорнија, и Бермуди . Од нејзините плодови се прави маслиново масло.

Маслинка во Македонија

Маслинарството, односно одгледувањето на маслинки во Македонија е најзастапено во крајните југоисточни предели, каде преовледува средоземноморската (медитеранска) клима со топли влијанија од Егејското Море. Највеќе маслинови насади се одгледуваат во Дојранската Котлина, односно околината на Дојран, Богданци, Валандово и Гевгелија[1].

Дојранската кралска малсинка е природно ферментирана, црна, солена маслинка којашто со својот специфичен вкус е една однајбараната маслинка во Македонија[2].

Нејзиниот специфичен вкус е резултат на старите Дојрански рецепти за производство на маслинки споени со модерната технологија за квалитет и стандардизација и експертизата на нашите врвни технолози коишто го усовршија и константно го контролираат вкусот на Дојранската Кралска Маслинка.

Кралската Маслинка откако грижливо ке се набере и сортира по вид и големина ферментира природно во специјални садови со големина од 150 па се до 5000 килограми во период од 6-9 месеци во зависност од надворешните услови. За време на ферментацијата истата секојдневно се контролира и нејзиниот вкус се прилагодува за да на крај го добиеме специфичниот вкус на Дојранската Кралска Маслинка.

Дојранската Кралска Маслинка е карактеристична по својата изразито црвена боја и округла форма со мала семка.

Десет Дојрански Кралски Маслинки со средна големина во просек содржат:

- 25,6 грама Вода, 49 Калории, 0,35 грама Протеини, 1,31грам Јаглехидрати, Холестерол 0

- Калциум, Бакар, Железо, Магнезиум, Фосфор, Калиум, Селениум, Содиум, Цинк

- Витамин А, Витамин Б-6, Витамин Е, Витамин К

Маслинката исто така содржи и многу елементи кои го зголемуваат имунитетот. Според многу истражувања маслинката помага при борбата со ракот.

Фенолот кој може да се најде во маслинката беше понуден како еден од првите лекови против свинскиот грип.

Маслинката како тема во уметноста и во популарната култура

Маслинката се јавува и како тема во бројни дела од областа на уметноста и популарната култура, како:

  • „Маслинка“ - песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[3]
  • Маслинова гранка - симбол на мирот, претставено во клун на бел гулаб во лет.
  • Маслиново гранче - име на воена операција на турската војска во северна Сирија во 2018 г.[4].

Галерија

Наводи

  1. Пласирани над 50 тони маслинки“, „Вечер“. (на mk)
  2. Ltd., Zoliva. „Дојранска Кралска Маслинка | Zoliva.com.mk“. www.zoliva.com.mk (mk-mk). конс. 2018-08-22. ([[:Category:|link]])
  3. Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 89-91.
  4. „Операција Маслиново гранче: двајца загинати и 11 ранети турски војници“. Турска радио телевизија (ТРТ). 28 јануари 2018. конс. 4 септември 2018. Check date values in: |date=, |accessdate= (помош)
license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Маслинка: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Маслината или маслинка (науч. Olea europea) е мало дрво од фамилијата Маслинки (Oleaceae), што значи "европска маслинка", е вид на мало дрво во семејството Oleaceae, кои се засновани на Средоземјето од Португалија до Левант, Арабискиот полуостров и јужна Азија источно како Кина , како и Канарските Острови и Реунион. Видот се одгледува на многу места и се смета за натурализиран во сите земји на медитеранскиот брег, како и во Аргентина, Саудиска Арабија, Јава, Норфолк, Калифорнија, и Бермуди . Од нејзините плодови се прави маслиново масло.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија