Морж (лат.:Odobenus rosmarus) е големо животнo чии нозе се преобразени во перки што може да ги свитка кон напред.
Има кратка муцка со кратки и дебели влакна како мустаќи. На горната вилица има два рамни големи заба — бивни, што, освен мажјаците, ги имаат и постарите женки. Телото му е покриено со гола жолтокафеава набрана дебела кожа. Под неа има дебел слој сало што го штити од губење на телесната топлина. Поголемите мажјаци се долги до 4,5 метри и тешки до 1 тон. Неговата кожа е поинаква од кожата на сите други цицачи, со длабоки набори и брчки, а со многу малку влакна. Може да е различен по бојата на кожата: младите моржови може да имаат темна боја, а возрасните понекогаш имаат шари во розова боја.
Живее на крајбрежјето на Северниот Леден Океан во Скандинавија, Исланд, Гренланд и Сибир и понекогаш се сели доста далеку од тие области.
Се храни со школки, ракови и риби.
Секоја трета година окотува по едно младенче, што по 2 години станува самостојно.
Го ловат заради бивните, маста и кожата. Тоа e често животно во поларните области.
Морж (лат.:Odobenus rosmarus) е големо животнo чии нозе се преобразени во перки што може да ги свитка кон напред.