dcsimg

Скорпија ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Скорпиите или акрепите[1] се осумножни членконоги, членови на редот Scorpiones. Тие живеат во тропските и суптропските предели. Постојат повеќе од 1.400 различни видови скорпии. Најголем претставник е империјалната скорпија (Pandinus imperator) од Западна Африка која е долга 21 cm, додека најмалите видови се долги само неколку mm. Меѓутоа, за време на Силур и Девон постоеле џиновски водни скорпии долги и до 2 m.

Морфологија

Опашниот дел на скорпиите, кој е најчесто составен од пет сегменти, завршува со отровна боцка. Педипалпите се големи и завршуваат со клешти. Забележано е дека потенцијалот на отровот е обратнопропорционален со големината на нивните клешти. Ова значи дека доколку се помали клештите, толку е посилен отровот на скорпијата. Некои видови поседуваат отров кој би можел да убие човек. Во принцип, отровот на скорпиите е од невротоксична природа. Боцката на крајот од телото може да се користи за парализирање на пленот, но нејзината примарна функција е одбранбена.

Скорпиите имаат помеѓу три и шест пара на прости очи сместени околу нивниот карапакс, давајќи им можност за гледање во повеќе насоки, како и пар на сложени очи кои се ориентирани кон напред. Меѓутоа, многу скорпии имаат слаб вид, а некои се и слепи.

Однесување

Скорпиите се многу издржливи животни. Тие можат да се вратат во живот по смрзнување од неколку недели, а исто така преживуваат и потопување за време од два дена. Некои видови, пак, можат да издржат без храна и до една година. Скорпиите се и долговечни животни (некои достигнуваат и 30 години). Некои видови можат да произведат шуштечки звук со помош на триењето на нивните клешти од нозете.

Сите скорпии се ловци и можат да детектираат слетување на бумбар или треперење на крила од еден инсект на растојание од повеќе од 1 m, но повеќето видови преферираат да го чекаат пленот пред да го нападнат.

 src=
Скорпија со своите млади кои ги носи на својот грб.

Скопријата во уметноста и во популарната култура

Наводи

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Скорпија: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Скорпиите или акрепите се осумножни членконоги, членови на редот Scorpiones. Тие живеат во тропските и суптропските предели. Постојат повеќе од 1.400 различни видови скорпии. Најголем претставник е империјалната скорпија (Pandinus imperator) од Западна Африка која е долга 21 cm, додека најмалите видови се долги само неколку mm. Меѓутоа, за време на Силур и Девон постоеле џиновски водни скорпии долги и до 2 m.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија