Чурулин (науч. Burhinus oedicnemus) — северен вид птица од фамилијата на чурулинците. Распространет е низ Европа, северна Африка и југозападна Азија. Таа е преселница од постудените краеви која зиме преоѓа во Африка. Ја има и во Македонија.
Чурулинот е прилично голема блатна птица иако е со средна големина според стандардите на своето семејство. Должината ѝ се движи од 38 до 46 см, со распон на крилјата од 76 до 88 см и тежина од 290 до 535 грама.[2] Перјето му е со бои од околината во која се вклопува, нозете му се жолти, но впечатлив е неговиот силен црно-жолт клун и големите жолти очи кои потсетуваат на влекачите. Впечатлив е во лет, со црно-белите ознаки на крилјата. Името на родот Burhinus доаѓа од грчкиот bous (секира) и rhis (нос).[3]
И покрај тоа што е класифициран како блатна птици, чурулинот претпочита суви отворени простори со гола земја. Тој, во голема мера е ноќна птица, особено во сезоната на парење кога ја пее својата гласна ѕвонлива песна чур-ли, туули, тули тули, чуру-чуру ли. Несе 2-3 јајца во гнездото кое го сместува директно на земјата или во мала пукнатинка. Чурулинот се храни со инсекти, други мали без’рбетници и повремено мали влекачи, жаби и глодари.
Има 5 подвида од Burhinus oedicnemus:[4]