Златна куна (martes martes) е цицач од родот куни.
Живее во шумите , каде што многу вешто се искачува по дрвјата. Скока од едно на друго дрво ,дури и на растојание од 3,5 метри. Преку ден се крие во дупките од дрвјата, во старите гнезда на вервериците или на птиците. Излегува за да лови во приквечерина и доцна во ноќта. Златните куни, главно ловат верверици или птици. Но, јадат и инсекти, а наесен се сладат со овошки и со бобинки. Периодот за парање им е во јули и август. Женките ги носат своите малечки во утробата 236-274 дена, а потоа раѓаат 1-6 куни, обично во април или мај.
Должина на телото обично изнесува 45-53 см, а тежината достигнува до 0,8-1,6 кг.
Животниот век на златните куни е 10 години.
Златна куна (martes martes) е цицач од родот куни.