Орев (науч. Juglans) — род на дрва од фамилијата ореви (Juglandaceae) чиј плод се користи во секојдневната исхрана. Ова се листопадни дрва со висина од 10 до 40 м и листови долги по 2–9 см, со по 5–25 ливчиња на секоја дршка. Плодот има јатка која ја дели внатрешноста на два дела.
Родот опфаќа 21 вид, распространет од умереноконтиненталните стариот свет од Балканот на запад до Јапонија на исток. Во Америка, видовите се застапени од југоисточна Канада до Калифорнија и на југ до Аргентина.
Во Македонија оревот традиционално се употребува во копаничарството, за покуќнина и иконстаси и за изработката на народни инструменти како шупелка, зурла и тн. Содржината на оревот наоѓа најразлична примена во народната кујна. Јатката се става да одлежи во ракија, со која таа добива боја и вкус. Од неа се добива и материјал за боење.
На празникот Духовден, гробовите се прекривале со оревови листови
Родот се дели на четири оддели:[1]
Најпознат вид од родот е обичниот орев (J. regia), со автохтон ареал на Балканот, југозападна и централна Азија до Хималаите и југозападна Кина.
Двата вида од најголемо стопанско значење се обичниот орев (J. regia) за дрвен материјал и плодовите, и црниот орев J. nigra за дрвена граѓа. Обата вида се нашироко застапени и имаат разни сорти.
Дрвото е светлољубиво и треба да се штити од ветер, но затоа се мошне отпорни на суша.
Меѓу оревовите насади се садат растенија што го врзуваат азотот како дафината (Elaeagnus × ebbingei или Elaeagnus umbellata) и разни видови евла, со што се добива до 30% повисоко и подебело стебло.[2]
Цветовите излегуваат на пролет. Машките се валчести реси што настануваат од лански безлисни изданоци. Долги се околу 10 см и имаат голе број цветчиња. Женнските се јавуваат во снопови, во екот на разлистувањето.[3]
Во 2014 година, глобалното производство на ореви (во тони) изнесувало 3,5 милиони тони, предводени од Кина со 46% од вкупниот број на светот (табела). Други главни производители биле САД и Иран (табела).
Оревовото дрво е темно, густо и многу мазно со обработка. Бојата се движи од драп во понадворешните до темнокафеава во внатрешните делови. Кога се суши во печка, дрвото добива матна кафеава, а на воздух богата виолетово-кафеава боја. Ужива голема популарност во резбарството поради бојата и цврстиот состав. Особена примена наоѓа во изработката на мебел, украсни предмети, кундаци за пушки и музички инструменти.
Во 100 гр ореви има:[5]
Уште од минатото, оревот се смета за идеална храна за мозокот. Оревите се богат извор на омега-3 масни киселини, кои се одговорни за правилно функционирање на мозочните клетки и невротрансмитерите одговорни за промена на расположението, поради што тие се корисни при лекувањето на депресијата.[6]
Дрво од орев во село Раштак
Орев (науч. Juglans) — род на дрва од фамилијата ореви (Juglandaceae) чиј плод се користи во секојдневната исхрана. Ова се листопадни дрва со висина од 10 до 40 м и листови долги по 2–9 см, со по 5–25 ливчиња на секоја дршка. Плодот има јатка која ја дели внатрешноста на два дела.
Родот опфаќа 21 вид, распространет од умереноконтиненталните стариот свет од Балканот на запад до Јапонија на исток. Во Америка, видовите се застапени од југоисточна Канада до Калифорнија и на југ до Аргентина.
Во Македонија оревот традиционално се употребува во копаничарството, за покуќнина и иконстаси и за изработката на народни инструменти како шупелка, зурла и тн. Содржината на оревот наоѓа најразлична примена во народната кујна. Јатката се става да одлежи во ракија, со која таа добива боја и вкус. Од неа се добива и материјал за боење.
На празникот Духовден, гробовите се прекривале со оревови листови
Орев во месестата плодна обвивка Кора на црн орев (J. nigra)