Полската чучурлига e мала птица од врапчевидниот ред, од фамилијата на чучурлигите.
Ја има во Македонија.
Оваа чучурлига живее во Европа и Азија и на планините на северна АФрика. Азиските птици се појавуваат како скитници во Алјаска, a се имаат појавено и на Хаваите, северо-западна Америка, источна Австралија и Нов Зеланд.
Полската чучурлига е долга 16 до 18 cm со распон на крилјата 35 cm и тежи околу 37 гр. Ноктот на задниот прст на ногата е долг и заострен. Оди по земјата, а не потскокнува, исто како другите чучурлиги. Нема изразен полов диморфизам, односно не се разликуваат мажјаците од женките. Слично на другите чучурлиги и оваа е со кафени пердуви на грбот, а посветла е одоздола. Во лет се гледаат кратката опашка и кратките широки крилја. Опашката и задниот раб од крилјата се бели, кои се видливи кога птицата одлетува,но не кога се упатува кон набљудувачот. Има цврсти нозе и троши време на земјата барајќи семиња, вклучувајќи и инсекти во сезоната за гнездење.
Ова е птица сака отворено обработливо земјиште и топлина. Прави гнездо од трева на земјата,скриено меѓу вегетацијата. Понекогаш се вгездува во папрати, користејки ги за покривање. Генерално, гнездата се многу тешки за наогање. Снесуваат 3 до 6 јајца во јуни. Второ или трето легло може да се започне подоцна во годината. Јајцата се жолтеникаво-бели со кафеаво-виолетови точки со димензии 23х16 мм. Ги лежат 12–14 дена. Малечките се развиваат исклучително брзо и по 9–11 дена го напуштаат гнездото. Родителите ги хранат со инсекти.
Песната на чучурлигите е многу милозвучна, а мажјаците имаат малку поголеми крилја кои им овозможуваат да лебдат во воздух, дури и на висини над 100 метри. Тоа ги привлекува женките. Нивната песна трае 2-3 минути, а тогаш птицата која пее може да се појави како точка на небото гледано од земјата.
Во В.Британија, бројот на полските чучурлиги се намалил во текот на последните 30 години. Сега се само 10% од бројот кои биле присутни пред 30 години. Друштвото за заштита за птици покажа дека овој масовен пад на бројот е главно од промените во земјоделството и користење на пестицидите. Но, преземени се марки и англиските фармери сега се охрабрени и платени да создадат биодиверзитетот за подобрување на живеалиштето на евроазиската поларна чучурлига.[2]
Кога ќе се каже чучурлига, без посебно означување за кој вид се работи - тогаш мислиме на оваа, планинска чучурлига. Во англискиот јазик "skylark" (чучурлига), се користи во значење на занаетчија, а први започнале да го користат морнарите со значење на шегаџија, практичен шегаџија, некој што знае да прави трикови.
Полската чучурлига e мала птица од врапчевидниот ред, од фамилијата на чучурлигите.
Ја има во Македонија.