dcsimg

Влажноносни примати ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Гранката на Strepsirrhini е една од двата подреда на примати. Една од најзабележителните особини на 118-те вида од овој подред се нивните влажни носеви по кои оваа група го добила своето име. Грчкото (научно) име означува поседување на извиткан или совиен нос (strepho − совиено, rhis − нос). Единствените примати на Мадагаскар (освен луѓето) припаѓаат во оваа група, иако други можат да се најдат во југоисточна Азија и Африка.

Се смета дека влажноносните имаат попримитивни особини и адаптации отколку нивните хаплорински ("сувоносни", на грчки: со едноставни носеви) роднини. Нивниот влажен нос е поврзан со горната усна, која е поврзана со непцето, што го ограничува фацијалниот израз. Кај нив, односот мозок наспроти тело е помал, што укажува на помала интелигнција. Олфакторните лобуси на мозокот се поголеми, што дава до знаење дека тие повеќе зависат од сетилото за мирис. Нивните нушки се најчесто издолжени, давајќи им кучевиден изглед, иако оваа карактеристика е застапена и кај некои мајмуни. Влажноносните поседуваат и посторбитална плочка, што уште еднаш ја потврдува попримитивната природа на овие примати. Тие исто така ја задржале способноста за ензимско производство на витаминот С, која е изгубена кај сувоносните, вклучувајќи ги и Tarsiidae.[2]

Со исклучок на аје-аје приматите, сите влажноносни имаат забен чешел — тесно собрани секачи и песјаци — кои се користат за чистење и чешлање на крзното. Друга ваква козметичка адаптација е тоалетната канџа на вториот прст од стапалото, додека големиот прст е доста одделен од останатите.

Околу 75% од видовите се ноќни и сите поседуваат тапетум, кој претставува сјаен, рефлектирачки слој во заднината од своите очи, но неколку диурнални видови (како прстеноопашестиот лемур) исто така го поседуваат. Многу од ноќните видови исто така имаат многу чувствителен слух и уши кои можат да ги придвижуваат независно, со цел подобро фаќање на звуците.

Размножувањето на влажноносните примати се разликува во голема мерка од она кај сувоносните. Наместо индивидуален циклус, влажноносните имаат сезона на парење. Исто така, даваат малкубројно потомство, а женките имаат Y-видна (бикорнатна) матка и повеќе реда со млечни жлезди.

Наводи

  1. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.). уред. Mammal Species of the World (III издание). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 111-127. ISBN 0-801-88221-4. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=12100002.
  2. Pollock JI, Mullin RJ. Vitamin C biosynthesis in prosimians: evidence for the anthropoid affinity of Tarsius. „Am J Phys Anthropol“ том 73 (1): 65–70. doi:10.1002/ajpa.1330730106. PMID 3113259.
license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Влажноносни примати: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Гранката на Strepsirrhini е една од двата подреда на примати. Една од најзабележителните особини на 118-те вида од овој подред се нивните влажни носеви по кои оваа група го добила своето име. Грчкото (научно) име означува поседување на извиткан или совиен нос (strepho − совиено, rhis − нос). Единствените примати на Мадагаскар (освен луѓето) припаѓаат во оваа група, иако други можат да се најдат во југоисточна Азија и Африка.

Се смета дека влажноносните имаат попримитивни особини и адаптации отколку нивните хаплорински ("сувоносни", на грчки: со едноставни носеви) роднини. Нивниот влажен нос е поврзан со горната усна, која е поврзана со непцето, што го ограничува фацијалниот израз. Кај нив, односот мозок наспроти тело е помал, што укажува на помала интелигнција. Олфакторните лобуси на мозокот се поголеми, што дава до знаење дека тие повеќе зависат од сетилото за мирис. Нивните нушки се најчесто издолжени, давајќи им кучевиден изглед, иако оваа карактеристика е застапена и кај некои мајмуни. Влажноносните поседуваат и посторбитална плочка, што уште еднаш ја потврдува попримитивната природа на овие примати. Тие исто така ја задржале способноста за ензимско производство на витаминот С, која е изгубена кај сувоносните, вклучувајќи ги и Tarsiidae.