Големиот корморан (Phalacrocorax carbo) — мошне застапен член на фамилијата корморани. Живее ширум стариот свет и атлантскиот брег на Северна Америка. Во Македонија е познат под народното име гаро.
Големиот корморан е голема црна птица, и зависно од варијацијата на видот, има различни големини. Тежи од 1,5 [3] до 5.3 kg,[4] најчесто од 2.6 до 3.7 kg.[5] Долги се од 70 до 102 cm, со распон на крилја од 121 до 160 cm. [6][7] Има прилично долг опаш и има жолт белег околу клунот. Возрасните корморани имаат бели дамки над колената за време на сезоната за парење.
Големите корморани се најчесто тивки, но прават различни гутурални звуци во своите колонии за парење.
Многу ретка варијанта на големиот корморант е предизвикан од албинизам. Phalacrocorax carbo албиното страда од губење на вид и/или слух, и многу ретко успева да преживее во дивината.
Големиот корморан е многу чест и широко раширен вид птица. Го има во Европа, Азија и Африка и на брегот на Атлантскиот Океан. Се храни над морето, во утоки и слатководни езера и реки. Птиците од север мигрираат на југ и зимуваат на било кој брег кој е добро снабден со риби.
Големиот корморан, најчесто се гнезди на бреговите, се населува на карпи или дрва, но и поголем дел од животот е на копно. Тие снесуваат по 3–4 јајца во гнездо од алги или гранчиња.
Големиот корморан, иако може да се нурне во големи длабочини, тој најчесто се храни во плитки води. Својот плен често го доведува во плитката вода. Има слики од коморани, како јадат повеќе видови риби: често се забележани како јадат јагули, но за да се залаже јагулата и намести во позиција за голтање треба многу време.
Многу риболовци го сметаат големиот коморан за конкурент во риболовот. Поради ова, го ловеа скоро до истребување во минатото. Благодарение на напорите за зачувување, бројот на коморани е зголемен. Сега има 1.2 милиони птици во Европа (за разлика од бројот во зима; бројот во доцното лето е поголем). [8] Зголемувајќи ја популацијата на комораните, повторно се појави конфликтот со риболовците. [9][10]
Риболовот со корморани се практикува најмногу во Кина и Јапонија, но и насекаде во светот. Риболовците ги врзуваат комораните со врвка околу грлото, доволно стегната да не ги голтнат рибите и да ги префрлат на мали бродови. Кормораните ловат риби без да можат да ги голтнат, а рибарите можат да ги извадат рибите така што со сила ќе им ја отворат устата.
Во Норвешка корморанот е традиционална птица за игри. Во северна Норвешка, пак, кормораните се традиционално полу-свети суштества. Се смета за добра среќа ако корморани се соберат близу селото или населбата. Една стара легенда вели дека луѓето кои умреле далеку, на средина на морињата и нивните тела не се пронајдени, ја поминуваат вечноста на островот Utrøst. Жителите на Utrøst може да ги посетат своите домови само во форма на корморани.
Секоја година околу 10,000 корморни се убиваат за јадење.[11]
Големиот корморан (Phalacrocorax carbo) — мошне застапен член на фамилијата корморани. Живее ширум стариот свет и атлантскиот брег на Северна Америка. Во Македонија е познат под народното име гаро.