dcsimg

Тврдокрилци ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Тврдокрилците го образуваат редот на инсекти означен како Coleoptera. Тоа е ред со најголем број на видови (околу 350 000[1]), при што сочинува околу 40% од сите инсекти, a 25%[1] од сите форми на живот. Најголема група на тврдокрилци е фамилијата на чурулкарите (Curculionidae).

Овие инсекти можат да се најдат во речиси сите копнени и слатководни станишта (со исклучок на поларните области), но не се сретнати во морињата. Најчесто се исхрануваат со растенија и габи, го разградуваат растителниот и животинскиот отпад и јадат други без`рбетници. Тука се вклучени некои земјоделски штетници, како компировата златица (Leptinotarsa decemlineata), црвената брашнеста бубачка (Tribolium castaneum) и др., додека други видови се важни во контролата на популациите од земјоделски штетници, како на пример тврдокрилците од фамилијата на бубамари (Coccinellidae), кои се исхрануваат со растителни вошки, памучни вошки, трипси и други инсекти кои се хранат со растителни сокови.

Одлики

 src=
Еленче, фотографирано во Полог

Тврдокрилците во својот животен циклус подлежат на целосна метаморфоза (што значи имаат ларвален и куклен стадиум). Карактеристично за нив е што предните крила образуваат цврсти заштитни покрилци — елитри — под кои се собрани задните крила (кога инсектот не лета). На местото на сретнување на двете елитри, на средишниот грбен дел, се образува права линија која веројатно е една од најзабележливите одлики на редот. Мускулите за лет во мезотораксот се изгубени. Главената капсула се карактеризира со цврст вентрален (гуларен) затворач, антените се во основа 11-члени, додека усните делови се од гризачки тип со 4-сегментни магзиларни палпи. Протораксот е голем и слободен. На абдоменот отсуствува стернитот I, стернитот II најчесто е мембранозен и затскриен, а сегментот X е вестигијален, при што отсуствуваат церци. Женката поседува еден пар на гонапофизи на сегментот IX. Постојат четири или шест Малпигиеви цевчиња, кои често се криптонефрични. Речиси секогаш отсуствуваат вистински лабијални жлезди.

Наводи

  1. 1,0 1,1 James K. Liebherr and Joseph V. McHugh in Resh, V. H. & R. T. Cardé (Editors) 2003. Encyclopedia of Insects. Academic Press.
license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Тврдокрилци: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Тврдокрилците го образуваат редот на инсекти означен како Coleoptera. Тоа е ред со најголем број на видови (околу 350 000), при што сочинува околу 40% од сите инсекти, a 25% од сите форми на живот. Најголема група на тврдокрилци е фамилијата на чурулкарите (Curculionidae).