Фамилијата на ибисите и лажичарките (Threskiornithidae) вклучува 34 вида, традиционално поделени во две потфамилии, на ибиси и лажичарки.
Фамилијата Threskiornithidae, порано позната како Plataleidae се мислело дека е поврзана со другите групи долгоноги птици од редот на штрковидните. Неодамнешните студии докажаа дека тие спаѓаат во редот на пеликановидните.[2]
Членовите на оваа фамилија имаат долги, големи крилја со 11 примарни и околу 20 секундарни пердуви. Тие се силни летачи иако се толку големи и тешки. Телото им е долгнавесто, како и вратот и нозете. Клунот, исто така, им е долг, кукест и тенок кај ибисите, и проширен во вид на лажичка кај лажичарките. Големината им се движи од најмалата долга 45 cm и тешка 450 грама птица, до најголемата 100 cm долга и 4,2 килограми тешка.
Ги има речиси низ целиот свет, претежно крај стоечки или споро проточни води, а ибисите и во посуви предели.[3] Овие птици се дневни, поминувајќи го денот хранејќи се со растенија или животинки, а ноќе се одмараат во дрвјата крај водата. Ибисите се гнездат во колонии, а лажичарките во помали групи или одвоено, но секогаш во дрвја кои надвиснуваат над водата. Двата родитела ги инкубираат јајцата и ги хранат пилињата.
ФАМИЛИЈА: THRESKIORNITHIDAE
|coauthors=
(помош); Check date values in: |accessdate=
(помош) Фамилијата на ибисите и лажичарките (Threskiornithidae) вклучува 34 вида, традиционално поделени во две потфамилии, на ибиси и лажичарки.