dcsimg

Обичен тажник ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Обичен тажник или само тажник (науч. Filipendula vulgaris) — повеќегодишна билка од семејството на розите (Rosaceae). Вирее на суви пасишта ширум најголемиот дел од Европа, како и средна и северна Азија. Присутно е и во Македонија.[1]

Раст

Има ситни зраковидни ливчиња налик на папрат и исправено стебленце со висина од 20-50 см.[2] и проретчено соцветие на крајот. Овие минијатурни цветчиња се распоредени во густи китки и излегуваат доцна напролет и траат до средината на летото. Кога ќе се смачкаат, листовите и корењата оддаваат мирис многу сличен на масло од зимзелен (Gaultheria procumbens).

Растението претпочита целосна изложеност на сонце. Трпи сушни услови подобро од другите членови на родот.

Одгледување

Растението никнува од семе, а потоа може да се размножи од ползечките корења.

Поврзано

Наводи

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Обичен тажник: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Обичен тажник или само тажник (науч. Filipendula vulgaris) — повеќегодишна билка од семејството на розите (Rosaceae). Вирее на суви пасишта ширум најголемиот дел од Европа, како и средна и северна Азија. Присутно е и во Македонија.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија