Четириношците (науч. Tetrapoda) се ‘рбетни животни со четири екстремитети. Во групата спаѓаат водоземците, влекачите, птиците и цицачите. Дури и змиите и другите безноги влекачи и водоземци по потекло се четириношци. Најраните четириношци еволуирале од резноперките во периодот Девон.[1] Денес четириношците сочинуваат предоминантен дел на фауната, вклучувајќи ги сите поголеми копнени животни. Некои групи дури му се имаат вратено на подводниот живот. Тука спаѓа најголемото животно во природата - синиот кит.
Четириношците се делат на четири класи: водоземци, влекачи, цицачи и птици. Нивната разновидност експоненцијално се зголемила со текот на времето: од една група водоземци во Девонот до илјадници видови денес. Главен двигател на општиот состав на биолошката разновидност во Палеозоикот биле водоземците, а во Мезозоикот биле влекачите. Разновидноста доживеала расцут во Кенозоикот со развојот на птиците и цицачите. Зголемувањето на разновидноста значело и сè поголемо групирање на животните. Првите четириношци живеел во крајводни средини и се хранеле претежно со риба. Денес на Земјата постои огромен број на четириножни животни присутни во најразлични средини и со најразличен начин на исхрана.[2]
Еволуцијата на овие животни почнува со разделувањето на ‘рбетниците на риби и четириношци.[3][4] Со ова четириношците постепено ги прилагодувале органите за движење и дишење во вода на копнен начин на живот, и тоа траело 56,8 милиони години колку што траел периодот девон.[5] Иако ова е една од најсуштинските еволутивни промени во историјата, овој процес е меѓу најдобро проучените благодарение на одличните фосили пронајдени во доцниот XX век како и напредоците во филогенетската анализа.[6]
Со големиот пресврт во фауната кон крајот на Мезозоикот, преостанале само шест групи на четириношци, кои содржат многу подргрупи што денес се изумрени:
Еве делумна таксономија на четириношците:
Четириношците (науч. Tetrapoda) се ‘рбетни животни со четири екстремитети. Во групата спаѓаат водоземците, влекачите, птиците и цицачите. Дури и змиите и другите безноги влекачи и водоземци по потекло се четириношци. Најраните четириношци еволуирале од резноперките во периодот Девон. Денес четириношците сочинуваат предоминантен дел на фауната, вклучувајќи ги сите поголеми копнени животни. Некои групи дури му се имаат вратено на подводниот живот. Тука спаѓа најголемото животно во природата - синиот кит.