dcsimg

Гугутка ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
 src=
Streptopelia decaocto

Гугутка (науч. Streptopelia decaocto) е птица од фамилијата на гулаби (Columbiformes). Во многу јазици има народно име „турски гулаб“ бидејќи на почетокот на XX век од Турција почнала да се населува во Европа.

Изглед

Гугутката е слична на дивата гугутка. Горните пердуви од крилата на гугутките се со светло сива до кафена боја. Долга е од 31 до 33 cm, што значи дека е голема колку и градскиот гулаб, но е полесна и изгледа многу понежно. Распонот на крилјата достигнува од 47 до 55 cm, а тешка е од 150 до 200 грама. Двата пола изгледаат исто. Црвените очи им имаат мал бел оквир. Впечатлива карактеристика им е црниот прстен во близина на почетокот на вратот. Се одгласува со трослогвни гугукања, со нагласок на вториот слог, како и голем број други птици од оваа фамилија.

Исхрана

Гугутките живеат во паркови и дворови, секогаш во близина на човечките населби. Не се многу плашливи. Се хранат со семки, житарки и овошје. Во зима понекогаш се собираат во јата и заедно бараат храна во парковите и селските имоти.

Размножување

Како и голем дел од голубарките, така и гугутките имаат скромно и слабо изградено гнездо. Во гнездата најчесто има едно до две јајца на кои лежи мајката, а младите излегуваат после 13 или 14 дена. Гугутките лежат повеќе пати по ред затоа што имаат големи губитоци на јајцата и младенчињата.

Распространетост

Гугутката е распространета во Централна и Јужна Европа, а зимува во Северна Африка.

Гугутката како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Гугуче гука по двори“ - македонска народна песна.[1]

Наводи

  1. Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, МАКМ 00106, 2006.
license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Гугутка: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
 src= Streptopelia decaocto

Гугутка (науч. Streptopelia decaocto) е птица од фамилијата на гулаби (Columbiformes). Во многу јазици има народно име „турски гулаб“ бидејќи на почетокот на XX век од Турција почнала да се населува во Европа.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија