dcsimg

Степска еја ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Степската еја или степски жабар (науч. Circus macrourus) е птица од родот еи (Circus) во фамилијата јастреби и е птица преселница, грабливка која лови во низок лет. Се размножува во јужните делови на источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, како и во централна Азија (во Иран), а зимува во Индија и југоисточна Азија. Ретко заскитува во Велика Британија и западна Европа, иако значителен број младенчиња се забележани како презимуваат во Норфолк (источна Англија) зимата 2002/3 г.

Опис

 src=
Мажјак
 src=
Женка
 src=
Circus macrourus

Кај степската еја е изразен половиот диморфизам, односно мажјаците се белосиви одозгора и бели одоздола, со зашилени црни врвови на крилјата. Должината им е од 40 до 48 см, а имаат распон на крилјата од 95 до 120 сантиметри. Тежат околу 315 грама, а женките се поголеми и тежат околу 445 грама. Женките се кафени одозгора, со бели пердуви на горниот дел од опашката, а долниот дел ѝ е жолтеникав со кафени шари. Младенчињата се слични со женките и често, заради белото кај опашката се нарекуваат „прстенестоопашни“.

Птицата живее во отворени, степски предели.

Исхрана

Степската еја лови и се храни со мали цицачи, влекачи и птици, изненадувајќи ги со брзиот и низок лет.

Размножување

Овој јастреб е моногамна птица која одгледува едно легло годишно. Гнездат директно на земја на тревна површина. Несат 3-5 светлосини јајца. Инкубацијата започнува откако ќе се снесе првото јајце и трае 28-30 дена. Ги лежи само женката, но за време на инкубацијата и првите денови по испилувањето, мажјакот носи храна и за женката и за пилињата. Младенчињата го напуштаат гнездото по 35-40 дена.

Наводи

  1. „Птици на Иран — Степска еја“. „Ирански пустини“. конс. 02 март 2013. Check date values in: |accessdate= (помош) (персиски)
  2. BirdLife International (2012). Circus macrourus. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 јули 2012. Check date values in: |accessdate= (помош) (англиски)

Литература

Распознавање

Forsman, Dick (1995) Field identification of female and juvenile Montagu's and Pallid Harriers Dutch Birding 17(2): 41-54

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Степска еја: Brief Summary ( Macedonian )