Конопларчето (науч. Carduelis cannabina) е мала врапчевидна птица од фамилијата на ѕвингалките (Fringillidae). Се размножува низ Европа, западна Азија и северна Африка. Ја има и во Македонија. Делумно е постојан жител, но многу птици од северот и истокот мигрираат на југ од опсегот или на крајбрежјата. Нејзиното научно име, како и македонското, се однесуваат на конопот, поточно на семето од лен, кое го фаворизира.
Конопларчето е тенка птица со долга опашка. Во должина е околу 13 см, има распон на крилјата околу 25 и тежи 21 грам. Горните делови се кафеави, грлото валканобела боја, клунот сив. Карактеристични кај мажјакот во сезоната на парење се црвената дамка на круната и црвените гради. Женките и младенчињата немаат црвена боја, нивните долни делови се белкави, а градите се избраздени со линии, кремавопортокалови. Главата им е сивокафеава.
Живеалиштето на конопларчето се отворените пространства, пустарите со ниски грмушки за гнездење. Се среќава и во парковите и градините, а понекогаш и близу до човекот од кој не се плаши. Гнездото го прави во ниските грмушки и несе 4-7 јајца.
Овој вид вон сезоаната на парење формира големи јата, понекогаш и со други видови.
Песната на конопларчето е пријатно брзо чрчорење, помешано со разни мелодии.
Се храни на земја или ниско во грмушките, претежно со семиња, со кои ги храни и младенчињата. Сака мали и средни семиња, мешунки и понекогаш јаде скакулци.
Има неколку подвидови: