Сојката (науч. Garrulus glandarius) е вид птица која е распространета на огромен регион од западна Европа и северозападна Африка до Индија и понатаму до источниот брег на Азија и долу во југоисточна Азија. Во тој голем опсег има неколку форми (раси) кои еволуирале и се многу различни едни од други, особено ако се споредуваат птици од едниот до другиот крај на распространетоста. Сојката ја има и во Македонија.
Сојката е еден од многуте видови опишани најпрво од Карл Лине во неговото дело од 18 век, Systema Naturae. Тој ја смести во фамилијата Corvidae, нарекувајќи ја Corvus glandarius.[2]
Осумте расни групи (33 подвида вкупно) се дефинирани од Маџ & Брн (1994):[3]
Сојките живеат во мешани шуми, особено сакаат дабови послани со многу желади. Последните години, сојките почнаа да мигрираат во урбаните средини, веројатно заради уништувањето на нивните природни средини.
Вообичаеното огласување на сојката е тревожен, груб, рапав крик кој го користи кога ќе забележи разни грабливи животни. Но, таа е позната по нејзината мимикрија и може да звучи како различни видови птици толку добро, што не може да се направи разлика. Ги имитира звуците дури и на грабливите птици што неа ја напаѓаат како планинската улулајка. Сојката ја ловат разни грабливки, како што се: бувот, ноќе и јастребот кокошкар и сивиот сокол во текот на денот.
Сојката се храни и на дрвјата и на земја. Конзумира широк спектар без’рбетници, вклучувајќи и многу инсекти штетници, потоа желади (семето од даб, кое го закопува и чува за зима)[4], разни други семиња и плодови, но и пилиња од други птици, јајца и мали глодари.
Гнезди на дрвјата или во големи грмушки и несе 4–6 јајца кои се испилуваат по 16–19 дена, а се осамостојуваат по 21–23 дена. Двата родитела се грижат и ги хранат младенчињата.