dcsimg

Мечка ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Мечките (науч. Ursidae) — семејство на цицачи кои се одликуваат со големо тело, моќни екстремитети, густо крзно и кратка опашка. Мечките живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија, каде опстојуваат на различни живеалишта, како планини, шуми и арктичка дивина. Во текот на минатиот век, популациите од мечки се намалени поради нивниот интензивен лов и нарушување на нивната животна средина.

Сите мечки, со исклучок на некои популации од очилни и сончеви мечки, живеат северно од екваторот. Мечките денес не можат да се најдат во Африка, Австралија или Антарктикот. Сите мечки делат слична анатомија, но поедини видови варираат во големина, исхрана и вид на живеалиште. На пример, белите мечки живеат во смрзнатата арктичка дивина, каде се хранат главно со фоки, додека сончевите мечки живеат во азиските дождовни шуми и се хранат со инсекти, овошја, ореви и мали животинки. Со тежина од преку 800 кг, белите мечки можат да израснат 12 пати поголеми отколку нивните помали роднини, сончевите мечки, кои ретко надминуваат 66 кг.

Биологија

Заби

За разлика од останатите животни кои спаѓаат во редот Ѕверови (Carnivora), забите на мечките се адаптирани за исхрана која е составена претежно од растително потекло. Имаат широки очници (кучешки заби), и рамни катници. Компзицијата на забите е варијабилна дури и помеѓу мечки од ист вид. Ова ни укажува дека мечките се сѐ уште во процес на еволуција од карнивори (месојадци) во животни кај кои во искраната доминираат растенијата.

Презимување

Се претпоставува дека повеќето мечки од северните региони хибернираат преку зимата. Иако многу видови ја поминуваат зимата во длабок сон, сепак тоа не е вистинска хибернација. За време на вистинска хибернација, температурата на телото паѓа на ниво приближно на надворешната температура и ритамот на срцето е драматично намален, но животните повремено се будат за да јадат од складираната храна, и да извршат физиолошки потреби (уринирање и дефекација). За разлика од овие животни, телесната температура на мечките паѓа само неколку степени под нормалната и ритамот на срцето е многу малку намален. Тие не сте будат за време на оваа „хибернација“, што значи дека не јадат, не пијат, не уринираат и не вршат дефекација за време на целиот овој период, и не ја напуштаат пештерата. Сепак се случува мечките да се разбудат од зимскиот сон, доколку се нападнати или во случај кога мајката раѓа младенчиња.

Класификација

 src=
Азиска црна мечка Ursus thibetanus, во Вроцлавската зоолошка градина, Полска
 src=
Сончева мечка Helarctos malayanus
 src=
Џиновска панда Ailuropoda melanoleuca

Фамилијата Ursidae е откриена од Јохан Фишер фон Валдхајм (Johann Fischer von Waldheim, 1771-1853) во 1817 година.

Мечката како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Лисицата, мечката и сиромавиот“ - унгарска народна приказна.[1]
  • „Мечката, свињата и лисицата“ (Међед, свиња и лисица) - српска народна приказна.[2]
  • „Како се излажала мечката“ (Како се медвјед преварио) - српска народна приказна.[3]
  • „Лавот и мечката“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[4]
  • „Железно крзно“ - расказ на рускиот писател Иван Бунин.[5]
  • „Мечки“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.[6]
  • „Сајмон Смит и неверојатната мечка што танцува“ (Simon Smith And The Amazing Dancing Bear) - песна на американската поп-рок музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1972 година.[7]
  • „Сакам да бидам мечка“ (I Wanna be a Bear) - песна на американската Хардкор панк група „Дисендентс“ (Descendents) од 1982 година.[8]

Наводи

  1. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 104-106.
  2. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 248-250.
  3. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 426.
  4. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 91-92.
  5. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 33-35.
  6. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 20.
  7. Randy Newman ‎– Sail Away (пристапено на 23.1.2017)
  8. YouTube, Descendents - Milo Goes to College (Full Album)(пристапено на 31.5.2017)
license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Мечка: Brief Summary ( Macedonian )