dcsimg

Бела имела ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Бела имела или обична имела (науч. Viscum album) — полупаразитско растение распространето во умерените и топлите краишта на светот. Опфаќа неколку семејства од редот сандаловидните (Santalales).

Во Европа расте белата имела со проѕирни зрнца. Таа живее на тополите, липа|липите, брестовите и брезите, а ја има по леските, јаворите, јасените и на дабовите.

Имелата во народната медицина

Имелата се споменува во нордиските и келтските легенди, кои ѝ припишувале божествени својства - машкост и плодност. исто така, Галите и Келтите ја употребувале како лек за многу болести, а подоцна неа ја ценеле многу познати лекари, како: Хипократ, Рудолф Штајнер и Себастијан Кнајп. Денес, собирачите на лековите треви ја сметаат за корисна при третманот на епилепсијата и другите невролошки нарушувања, бидејќи веруваат дека го зајакнува централниот нервен систем. Исто така, имелата се цени поради благотворното дејство за женските репродуктивни органи, за кардиоваскуларните заболувања, за системот на варење итн. Во антропозофската медицина, чиј творец е Рудолф Штајнер, имелата е ценета поради цитостатското дејство врз туморите. Врз нејзина основа се развиени лековите „Iscador“ и „Helixor“. Сепак, многу лекари од официјалната медицина ја сметаат имелата за бескорисна, па дури и штетна, поради тоа што содржи токсини.[1]

Наводи

  1. Е.Т.Е., „Имелата ги разорува канцерогените клетки“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 30-31.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Бела имела: Brief Summary ( Macedonian )