dcsimg

Вртивратка ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Вртивратките (Jynx torquilla) се вид од вратовртечката фамилијата на клукајдрвци.

Распространетост

Овој вид е населен во умерените региони на Европа и Азија. Тие се птици преселници, презимуваат во тропските делови на Африка и јужна Азија (како и во Иран[2]). Тоа е птица на отворени шуми и овоштарници. Кога мигрираат понекогаш се видени во песочните предели, каде што бараат мравки за прехрана. Вртивратките ги има и во Македонија.

Jinxtorquilla.jpg
Вртивратка го извива вратот

Опис

Овој вид во должина е од 16 до 18 cm и тежи 26-50 g.[3] Нивните клунови се пократки и помалку остри од другите клукајдрвци, затоа што нивниот главен плен се мравки и други инсекти, кои ги наоѓаат во распаднатите дрвја или на голата почва. Тие ги користат дупките во дрвјата за вгнездување, за да не прават нови дупки. Името „вртивратки“ го добиле заради нивната способност да го свртат вратот речиси 180 степени.

Гнездење

 src=
Jynx torquilla

Вртивратките се гнездат во постоечките дупки во дрвјата. Снесуваат 7 до 10 јајца, во мај и јуни. Јајцата се бели, како на другите клукајдрвци. При опасност, ја користат својата способност за вртење на вратот и нивната змијоликост, испуштајќи шушкав звук. Ваквото нивно чудно однесување доведе да се употребуваат како „клетва“ со зборот „Jynx“ во вештерството.

Систематизација

Постојат 6 подвида:

  • Jynx torquilla chinensis Hesse, 1911
  • Jynx torquilla himalayana Vaurie, 1959
  • Jynx torquilla mauretanica Rothschild, 1909
  • Jynx torquilla sarudnyi Loudon, 1912
  • Jynx torquilla torquilla Linnaeus, 1758
  • Jynx torquilla tschusii O. Kleinschmidt,1907

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Вртивратка: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Вртивратките (Jynx torquilla) се вид од вратовртечката фамилијата на клукајдрвци.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија