Малајска или сончева мечка (Helarctos malayanus) е мечка која ја среќаваме во тропските дождовни шуми на југоисточна Азија од јужна Кина до Индонезија, северо-исток на Индија и Бангладеш.
Малајската мечка е најмалиот член на фамилијата мечки со големина од само 1,2 метри и тежина од 65 килограми. Мажјаците се 10-45% поголеми од женките[2]. Овие мечки имаат широки шепи и заоблени канџи кои веројатно им помагаат при качувањето на дрва. Стапалата им се малки свртени навнатре поради што имаат од сличен на одот на гулабите. Малајската мечка има специфично долк јазик од 20-25 сантиметри кој го користи за да јаде мед директно од пчелината кошница[3].
За разлика од другите мечки, крзното им е доста кратко. Оваа адаптација е поради климата во регионите каде што живеат. Крзното им е со кафеава или црна боја, освен на градите каде имаат портокалово-жолт белег во облик на потковица. Крзно со слична боја може да се сретне и на муцката или околу очите.
Малајските мечки се хранат со мали ’рбетници како гуштери, птици и цицачи, но и овошје, јајца, термити, листови од палма, птичји гнезда, инсекти, корења, кокосов орев ... Можат да кршат ореви со силната вилица. Овие мечки храната ја детектираат употребувајќи го својот мирис, бидејќи видот им е доста слаб.
Малајската мечка не хибернира, и како резултат на тоа може да се размножува преку целата година. Најчесто раѓа по две младенчиња кои тежат 280-340г. Бременоста трае околу 96 дена, а доењето трае до осумнаесеттиот месец. Младите достигнуваат сексуална зрелост после 3-4 години. Во заробеништво живеат и до 28 години.
Бидејќи е ноќно животно, оваа мечка целиот ден го поминува одмарајќи се на ниските гранки од дрвјата. Поради тоа што ужива да седи на дрвјата понекогаш се случува да уништи дел од приватен имот, како што се плантажи на палми и какао.
Возрасна малајска мечка нема други предатори освен човекот[4]. Понекогаш се случува да биде совладана од тигри и огромни питони. Други можни предатори се леопардот и Азиската црна мечка[5].
Намалувањето на бројот на оваа популација е последница на ловењето на така наречените „мечки кои пречат“ односно мечки кои ги уништуваат посевите, и на ловокрадството кое е во подем поради побарувачката за нивното крзно и на нивната жолчка која се користи во Кинеската медицина.
Понекогаш овие мечки се фаќани за да бидат чувани како домашни миленици. Ова се случува поради нивното релативно неагресивно однесување и малата големина во споредба со останатите мечки[6].
Интернационалниот сојуз за заштита на природата (IUCN) го прогласи овој вид за ранлив во 2007 година[7].
|accessdate=
(помош) (англиски) Малајска или сончева мечка (Helarctos malayanus) е мечка која ја среќаваме во тропските дождовни шуми на југоисточна Азија од јужна Кина до Индонезија, северо-исток на Индија и Бангладеш.