Преживари (науч. Ruminantia) — подред на редот на парнокопитните (Artiodactyla) каде спаѓаат голем број тревопасни цицачи како говедата, козите, овците, елени и антилопи. Сите членови на групата ја варат храната со во два чекора — прво со нормално џвакање и голтање во преджелудник, а потоа со повраток на полусварената ферментирана храна и нејзино повторно џвакање (преживање) за што подобро искористување на нејзината хранлива вредност.
Постојат разни животни кои ја преџвакуваат храната, но не му рипаѓаат на редот на преживарите.[1] Овие животни се нарекуваат псевдопреживари поради извесни сличности, но отсуството на заеднички предци со преживарите. Вакви се камилата, која преџвакува и нилскиот коњ, кој не преџвакува.[1] Други поголеми превопасни животни како коњот и кенгурот имаат приспособеност за употреба на преджелудочно варење кога се принудени да се хранат со големи количества несодржајна храна.
Системот за варење на преживарите се состои од следниве делови:[2]