dcsimg

Мал тетреб ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages

Мал тетреб или лирест тетреб (науч. Tetrao tetrix) — голема птица од потфамилијата на тетребите (Tetraoninae). Птицата е непреселничка, а се размножува ширум северна Евроазија во вресишта и тресетишта покрај кории, претежно од северен тип. Овој тетреб е во блиско сродство со кавкаскиот. Го има и во Македонија.[2]

Женката е сивкасто-кафеава по боја и се огласува со гакање. Гнездото го прави сама и самата се грижи за пилињата, што е типично за ловните птици.

Опис

Малиот тетреб е всушност голема птица. Мажјаците се долги околу 53 см и тежат од 1 до 1,5 кг, додека пак женките се долги 40 см, со тежина од 750 гр до 1 кг.[3] Мажјаците имаат карактеристично црно перје, црвен подбрадок и бело обрабовање на крајот од крилата. Опашката има облик на инструментот лира, па оттаму овој вид се нарекува и „лирест“. Се огласуваат силно, со гугуткави извици.[3]

Распространетост и живеалиште

Покрај Македонија и Балканот, малиот тетреб живее низ поголем дел на Европа, од Велика Британија (но не во Ирска), ширум Скандинавија и Естонија, заклучно со Русија. Во источна Европа се среќава во Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Белорусија, Романија и Украина. Присутен е на Алпите и преостанати изолирани групи во Германија, Франција, Белгија и Холандија.[3] Во Данска се смета за исчезнат од 2001 г.

Парење

Оваа птица има особено карактеристичен обред на парење. Напролет, уште во мугрите, мажјаците излегуваат на обичајно определен простор и „се топорат“ и се огласуваат со посебни извици за да го привлечат вниманието на женките. Овие собирања во западна Европа се ограничени на 40 птици, но во Русија знаат да достигнат од 150 до 200 учесници.[3]

Наводи

  1. Tetrao tetrix на Avibase
  2. Некритички список на птиците во Македонија — Методија Велевски, Македонско еколошко друштво, 10 септември 2012
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 The Birds of the Western Palearctic [Abridged]. OUP. 1997. ISBN 0-19-854099-X.

licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages

Мал тетреб: Brief Summary ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages

Мал тетреб или лирест тетреб (науч. Tetrao tetrix) — голема птица од потфамилијата на тетребите (Tetraoninae). Птицата е непреселничка, а се размножува ширум северна Евроазија во вресишта и тресетишта покрај кории, претежно од северен тип. Овој тетреб е во блиско сродство со кавкаскиот. Го има и во Македонија.

Женката е сивкасто-кафеава по боја и се огласува со гакање. Гнездото го прави сама и самата се грижи за пилињата, што е типично за ловните птици.

licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages