Рогач (Ceratonia siliqua) е цветна грмушка или зимзелено дрво кое што припаѓа на семјеството Бобови (Fabaceae), се одгледува за неговите плодови и како украсно дрво во градините. Поднесува температури во текот на зимскиот период до -6 °C. Исто така е познат по името „Лебот на свети Јован" , според предавањето, св. Јован Крстител се хранел од него додека живеел во пустина.
Дрвото потекнува од Медитеранот, вклучувајќи ги и Јужна Европа, Северна Африка, поголемите Медитерански острови, Западна Азија, Канарските Острови и Макаронезија.
Ceratonia Siliqua, научното име на дрвото рогач, потекнува од грчкиот збор „Keras"- „Kέρας" (рог) и латинскиот збор „Siliqua" (мешунка). Терминот "карат" единица за маса на скапоцени камења, исто така потекнува од старогрчкиот збор κεράτιον, осврнувајќи се на древната пракса од Блискиот Исток, златото и скапоцените камења да се мерат со семките на рогачот кои имаат униформна маса (0,2g). Денес каратот е стандардизиран и изнесува токму 0,2g. Рогачот се јадел во Древен Египет, тој често се користел како засладувач. Бил користен во хиероглифите за зборот „Слатко“ (nedjem).
Рогач се користи со векови како важен извор на храна за човекот и за исхрана на добитокот. А многу добра опција е дека плодовите се во можност да oпстанат на дрво со години, иако суви, но сепак употребливи. Се користел како засладувач, сè до појавата на вештачки засладувачи. Исто така се користи како замена за какао.