dcsimg

Јужни буки ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages
 src=
Лисје на коса јужна бука
 src=
Дрво од видот N. alpina

Јужни буки (науч. Nothofagus) — род од 35 видови дрва и грмушки умерената океанска до тропска клима на Јужната Полутопка - јужните делови на Јужна Америка (Чиле, Аргентина) и Австралазија (источна и југоисточна Австралија, Тасманија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја и Нова Каледонија). Fossils have recently been found in Антарктикот[1].

Во минатото се сметало дека припаѓаат на фамилијата Буки, но денес е утврдено дека се генетски засебни и дека припаѓаат во своја сопствена фамилија Јужни буки (Nothofagaceae).

Листовите им се назабени или цели, зимзелени или листопадни. Плодот им е мал плоснат или триаголен орев, со по 2-7 орева во секое лежиште.

Разните видови јужни буки се храна за ларвите на молците од родот Aenetus, особено видовите A. eximia и A. virescens.

Многу единки на овие дрва се мошне стари, и се смета дека поради климатските промени низ вековите, јужните буки не би можеле да виреат така успешно како што вирееле тогаш.[2]

Таскономија

Во родот спаѓаат следниве отсеци:[3]

Отс. Brassospora (тип Nothofagus brassi)
Отс. Fuscospora (тип Nothofagus fusca)
Отс. Lophozonia (тип Nothofagus menziesii)
Отс. Nothofagus (тип Nothofagus antarctica)

Ареал

Ареалот околу јужниот Тихоокеански Обрач укажува на тоа дека распространувањето на родот датира од времето кога Антарктикот, Австралија и Јужна Америка биле поврзани во една голема копнена површина (суперконтинент) наречена Гондвана. [4]

Во Јужна Америка ареалот се протега на север сè до националниот парк Ла Кампана и планините Вискачас во средишниот дел на Чиле.[5]

Наводи

  1. H.M. Li and Z.K. Zhou {2007) Fossil nothofagaceous leaves from the Eocene of western Antarctica and their bearing on the origin, dispersal and systematics of Nothofagus. Science in China. 50(10): 1525-1535.
  2. J. W. Dawson (1966) Observations on Nothofagus in Нова Каледонија, Tuatara: Том 14, Број 1, април 1966
  3. Страница за Јужните буки (француски)
  4. Native Forest Network (2003) Gondwana Forest Sanctuary
  5. C. Michael Hogan (2008) Chilean Wine Palm: Jubaea chilensis, GlobalTwitcher.com, уред. Nicklas Stromberg
licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages

Јужни буки: Brief Summary ( Macedônio )

fornecido por wikipedia emerging languages
 src= Лисје на коса јужна бука  src= Дрво од видот N. alpina

Јужни буки (науч. Nothofagus) — род од 35 видови дрва и грмушки умерената океанска до тропска клима на Јужната Полутопка - јужните делови на Јужна Америка (Чиле, Аргентина) и Австралазија (источна и југоисточна Австралија, Тасманија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја и Нова Каледонија). Fossils have recently been found in Антарктикот.

Во минатото се сметало дека припаѓаат на фамилијата Буки, но денес е утврдено дека се генетски засебни и дека припаѓаат во своја сопствена фамилија Јужни буки (Nothofagaceae).

Листовите им се назабени или цели, зимзелени или листопадни. Плодот им е мал плоснат или триаголен орев, со по 2-7 орева во секое лежиште.

Разните видови јужни буки се храна за ларвите на молците од родот Aenetus, особено видовите A. eximia и A. virescens.

Многу единки на овие дрва се мошне стари, и се смета дека поради климатските промени низ вековите, јужните буки не би можеле да виреат така успешно како што вирееле тогаш.

licença
cc-by-sa-3.0
direitos autorais
Автори и уредници на Википедија
original
visite a fonte
site do parceiro
wikipedia emerging languages