dcsimg

Сливова пеперуга ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Сливовата пеперуга (Satyrium pruni) е пеперуга од семејството на пеперуги синци, од видот опашкари. Пеперугата ја има и во Македонија .

Распространетост

Оваа пеперуга живее во скоро цела Европа,[1] па сè до Јапонија. Оваа пеперуга се смета за стабилна и не е под никаква опасност.[2]

Изглед

Пеперугата е мала.Горната страна на пеперугата е кафена. Во долниот дел има портокалови белези и црна опашка со бели дамки. Долниот дел е посветол и има бела линија. За разлика од брестовата пеперуга, со која е многу слична, оваа има дамки кај портокаловите белези. Повеќето од својот живот го поминуваат во крошните на дрвјата и многу ретко слегуваат доле.

Животен циклус

Јајцата се полагаат единчено на млада трнинка. Во оваа фаза таа хибернира. Трнинката е извор на храна на ларвата, но сепак таа се храни и со слива. Гасениците излагаат следната пролет, кон крајот на април. Таа се храни со цветовите. Постарите ларви се зелени. На листовите се одвива фазата на кукла во јуни. Куклите се црни со бели дамки, емитација на птичји измет. Возрасните единки имаат по една генерација и летаат во јуни и јули.

Наводи

Поврзано

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Сливова пеперуга: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Сливовата пеперуга (Satyrium pruni) е пеперуга од семејството на пеперуги синци, од видот опашкари. Пеперугата ја има и во Македонија .

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија