Ресестата дебелоглавка (Carcharodus flocciferus) е пеперутка од семејството на Дебелоглавки. Пеперутката ја има и во Македонија.
Планинските видови се наоѓаат во Шпанија, Франција, Италија и Балканот. Исто така, пеперутката се наоѓа во Мала Азија, Близик Исток и Мароко.[1][2] Видот ги населува сончевите предели на покрај шумите и тревести површини.[2]
Пеперутката има распон на крилја од 32 до 35 мм. Основата боја на крилјата е сиво-кафеава, со темнокафеави обележја. Долната страна на крилјата е посветла. Антените имаат црни точки на вровот. Женките немаат влакна, но боите се исти со мажјаците. Јајцата се кафеави. Гасениците се сиви со црни глави. Куклата е синкаста.[3]
Возрасните единки летаат од мај до јуни или од јули до септември, во две генерации.[2] На повисоки надморски височини има една генерација, од јуни до авгист. Јајцата се полагаат единечно на листови од растенија. Ларвите се хранат со Stachys officinalis, Stachys recta, Stachys alpina), Marrubium vulgare, Marrubium peregrinum, Thymus roegneri и Ballota nigra. Ларвите хибернираат на растение за време на зимата.[4][5]
Ресестата дебелоглавка (Carcharodus flocciferus) е пеперутка од семејството на Дебелоглавки. Пеперутката ја има и во Македонија.