Тринилскиот тигар (Panthera tigris trinilensis) е фосилен подвид на тигар. Фосилите датираат од пред околу 1,2 милиони години, и се пронајдени на локалитетот Тринил, на островот Јава во Индонезија. Овој подвид бил опишан во 1908 година, а типичниот примерок е дел од колекцијата на Дубоа (Dubois Collection) во Националниот музеј за историја на природата во Лајден, Холандија. Иако овие фосилли се пронајдени на Јава, се смета дека тринилскиот тигар не е директен предок на јaванскиот подвид. Јаванскиот тигар се претпоставува дека потекнува од предок кој дошол од Кина. Најверојатно тринилскиот тигар изумрел пред околу 50 000 години[1].
Тринилскиот тигар (Panthera tigris trinilensis) е фосилен подвид на тигар. Фосилите датираат од пред околу 1,2 милиони години, и се пронајдени на локалитетот Тринил, на островот Јава во Индонезија. Овој подвид бил опишан во 1908 година, а типичниот примерок е дел од колекцијата на Дубоа (Dubois Collection) во Националниот музеј за историја на природата во Лајден, Холандија. Иако овие фосилли се пронајдени на Јава, се смета дека тринилскиот тигар не е директен предок на јaванскиот подвид. Јаванскиот тигар се претпоставува дека потекнува од предок кој дошол од Кина. Најверојатно тринилскиот тигар изумрел пред околу 50 000 години.