Кубанска боа (Chilabothrus angulifer) спаѓа во групата на змии. Засега не се издвоени подвидови.[3]
Нејзиниот дом се наоѓа на островот Куба и се среќава по места каде што има пештери. Зимата ја минува спиејќи во нив, иако зимите на Куба се прилично благи. Покрај со лилјаци, кои се нејзина основна храна, кубанската боа се храни и со мали птици кои ги лови по дрвјата. Женката раѓа живи малечки, кои веднаш излегуваат од порозните кесиња. Во една група обично има до 10 мали змии. Денес, овој вид змии е меѓународно заштитен вид.[4]
Кубанска боа (Chilabothrus angulifer) спаѓа во групата на змии. Засега не се издвоени подвидови.
Должина до 4,5м