dcsimg

Писа ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Писата или Scardinius erythropthalmus е бентосно-пелашка слатководна риба која е нашироко распространета во Европа и средна Азија, околу басените на Северното, Балтичкото, Црното, Каспиското и Аралското Море. Таа е вештачки наметната во водите на Ирска, САД, Мароко, Мадагаскар, Тунис, Нов Зеланд, Канада и Шпанија.

По изглед е слична на Rutilus rutilus, но е многу пошарена – златна со перки во малина боја, а очите и се бледожолтеникави со црвена дамка, но во зависност во какво станиште живее, бојата може да варира. Таа од Rutilus rutilus се разликува и по устата која има истурена долна усна – се храни на површината, за разлика од рутилусот кој се храни во длабочините.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија