dcsimg

Кукувија ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
  1. a0b0ff"
  1. a0b0ff"

Кукувијата (Tyto alba) е средноголема ноќна граблива птица од фамилијата утки која се среќава и во Македонија. Има срцевидно лице и црни очи, одоздола е бела или портокалово-кафеава. Живеалиште ѝ се населените места, земјоделските и други отворени терени; обично се гнезди во човечките објекти: штали, цркви и стари згради. Се храни со глувчевидни глодари, поретко со мали птици и инсекти.

Физички опис

Како и сите утки, поседува вел околу очите кој го сочинуваат радијално распоредените пердуви. Кај овој вид велот е бел и е со срцевиден облик. Ова е утка со средна големина, околу 35 cm сосе долгите нозе. Женките се покрупни од мажјаците, а просечната тежина им изнесува околу половина килограм. Грбот и е портокалово-сив со сиви точки, а долната страна е бела.

Распространување

Овој вид е најшироко распространетата копнена птица во светот; ја нема само на Антарктикот.

Начин на живеење

 src=
Млади кукувии пред првото полетување.

Може да се најде и во село и во град, на ливади и во пустините, мочуриштата и воопшто секаде каде може да направи гнездо и да најде доволно храна. Местото за гнездо може да биде мошне необично, како на пример, пласт сено. Често се гнезди на стари, напуштени и осамени селски куќи. Пар од кукувии попрво би се населил во старо, наместо да гради ново гнездо. Мажјакот се додворува на женката така што ја брка и ја обиколува, но парењето е возможно само во сезона кога има доволно храна. Женката лежи на јајцата (обично 4-6 на број), и младите се испилуваат во различно време. Тоа им овозможува на родителите да соберат храна со помал напор. Младите утки за прв пат полетуваат од гнездото дури откога ќе наполнат 7-10 недели, но и потоа се враќаат во родителското гнездо. Се осамостојуваат на три месеци, а целосно созреваат на десет месеци, а бидејќи живеат во просек нешто подолго од година дена, на свет носат само една или две генерации млади. Често страдаат како плен на други грабливци, како на пример, змии или други видови утки.

Исхрана

Ловат главно ноќе. Имаат добар „ноќен вид“, но во текот на ловот се потпираат на остриот слух. Бидејќи ушите се асиметрично поставени, лесно можат да го лоцираат пленот, дури и кога е добро скриен. Можат нечујно да се прикрадат, а пленот го заграбуваат со канџите и потоа со клунот му ја разбиваат главата. Се смета за корисна птица бидејќи ги сотрува штетниците какви што се глувци и волухарици. Како и останатите утки, не може да ги свари влакната и пердувите, па ги исфрлува со повраќање на топчеста маса - т.н. галици.

Народно верување

Во некои делови на Балканот се верува дека оваа птица поради карактеристичниот звук кој го испушта прорекува болест. Затоа се случува луѓето да ја уништуваат.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Кукувија: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages
a0b0ff"a0b0ff"

Кукувијата (Tyto alba) е средноголема ноќна граблива птица од фамилијата утки која се среќава и во Македонија. Има срцевидно лице и црни очи, одоздола е бела или портокалово-кафеава. Живеалиште ѝ се населените места, земјоделските и други отворени терени; обично се гнезди во човечките објекти: штали, цркви и стари згради. Се храни со глувчевидни глодари, поретко со мали птици и инсекти.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија