dcsimg

Широконосни мајмуни ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Широконосни мајмуни или новосветски мајмуни (науч. Platyrrhini) — парворед на примати. Заедно со тесноносните мајмуни (старосветски мајмуни) го образуваат инфраредот на вистински мајмуни, а со аветите го образуваат подредот на сувоносни мајмуни.

Широконосните мајмуни, со исклучок на човекот, се единствените примати кои живеат на американскиот континент. Нивниот ареал на живеење се протега од јужно Мексико до северна Аргентина. На островите од Карипското Море порано постоеле неколку (денес изумрени) видови кои припаѓале во групата на антилски мајмуни (Xenotrochini).

За разлика од старосветските мајмуни, кај широконосните мајмуни ноздрите се насочени нанапред, а носот во целост е покрупен и поширок. Големината и тежината на широконосните мајмуни е различна. Најмал претставник од овој инфраред воопшто е џуџестиот мармозет, кој тежи само 100 г, а најголеми се дрекавците и неколку видови на пајаковидни мајмуни, чија тежина надминува 10 кг. Сите новосветски мајмуни живеат на дрвјата и, со исклучок на ноќните мајмуни, активни се во текот на денот.

Најстарите фосили од широконосни мајмуни и припаѓаат на олигоценската епоха. Во однос на двата други инфраредови на сувоносни мајмуни, поблсико сродство имаат со старосветските мајмуни отколку со аветите. Многу е веројатно дека претците на овој таксон го преминале Атлантскиот Океан на пловечки дрвја во епохата кога растојанието меѓу континентите не било толку големо.

Систематика

Широконосните мајмуни се распределени во пет фамилии:

  • Фамилија Callitrichidae: мармозети и тамарини
  • Фамилија Cebidae: капучини и верверични мајмуни
  • Фамилија Aotidae: ноќни или бувски мајмуни (дурукулис)
  • Фамилија Pitheciidae: титии, сакии и уакарии
  • Фамилија Atelidae: дрекавци, пајаковидни и волнени мајмуни

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Широконосни мајмуни: Brief Summary ( Macedonian )