dcsimg
Image of Mānuka
Creatures » » Plants » » Dicotyledons » » Myrtles »

Mānuka

Leptospermum scoparium Forst.

Манука ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Манука или чајно дрво (науч. Leptospermum scoparium, маорски: mānuka) — грмушка или мало дрво кое потекнува од и расте во Нов Зеланд и југоисточна Австралија. Мануката вирее низ цел Нов Зеланд, особено во сувите краишта на источните брегови на Северниот Остров и Јужниот Остров, како и во Тасманија, Викторија и Нов Јужен Велс во Австралија[1][2][3]. Растението го добило името „чајно дрво“ бидејќи морепловецот Капетан Кук варел чај од неговите листови[4].

Мануката е плодородно дрво од типот на честаци и најчесто е првото растение кое успева да се расплоди на опустошено тло. Типично расте од 2 до 5 м во височина, но може и да нарасне во дрво со умерена големина до 15 м. Дрвото е зимзелено, со густи гранки и мали листови со должина од 7-20 мм и ширина од 2-6 мм, со краток жилест врв. Цветовите му се бели, но понекогаш и розови со пречник од 8-15 мм (поретко се среќаваат примероци и до 25 мм), со пет цветни ливчиња.

Стеблото му е цврсто и жилаво и затоа се користи за изработка на рачки за алати. Струготините даваат одлична арома кога се користат за пушење на месо и риба. Медот од неговите цветови има особен вкус и е потемен и побогат со арома одколку детелиновиот мед, и има голема антибактериска моќ. Во Нов Зеланд овој мед може да се најде во секоја продавница.

„Манука“ е маорското име на дрвото кое е во употреба во Нов Зеланд, додека името „чајно дрво“ се користи и во Нов Зеланд и во Австралија.

Наводи

  1. „Leptospermum scoparium“. База на GRIN. конс. 15 December 2017. (англиски)
  2. Derraik, José G. B. (2008 г). New Zealand manuka (Leptospermum scoparium; Myrtaceae): a brief account of its natural history and human perceptions. „New Zealand Garden Journal“ том 11 (2): 4–8. http://www.rnzih.org.nz/RNZIH_Journal/Pages_4-8_from_2008_Vol11_No2.pdf. посет. 2 мај 2016 г.
  3. Thompson J., (1988) A revision of the genus Leptospermum (Myrtaceae) Telopea 3(3): 301-449
  4. J. T. Salmon, The Native Trees of New Zealand, Reed, 1973. ISBN 0-589-01340-8

Поврзано

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Манука: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Манука или чајно дрво (науч. Leptospermum scoparium, маорски: mānuka) — грмушка или мало дрво кое потекнува од и расте во Нов Зеланд и југоисточна Австралија. Мануката вирее низ цел Нов Зеланд, особено во сувите краишта на источните брегови на Северниот Остров и Јужниот Остров, како и во Тасманија, Викторија и Нов Јужен Велс во Австралија. Растението го добило името „чајно дрво“ бидејќи морепловецот Капетан Кук варел чај од неговите листови.