dcsimg

Еребица ( macédonien )

fourni par wikipedia emerging languages

Еребицата е род на птици од фамилијата на кокошки. Спаѓа во групата на пердувест ловен дивеч и опфаќа неколку подвидови, помеѓу кои најраспространети се полската еребица и еребицата камењарка. На подрачјето на Република Македонија живее средноевропската полска еребица Perdix perdix.

Полска Еребица

Полската еребица ги населува подрачјата со умерена клима, меѓутоа може ретко да се најде и на повисоки места, на повисока надморска височина.

Изглед

Полската еребица се одликува со изразито пепелава заштитна боја, со потемни и посветли дамки и пруги. Има големини од 30 cm, и распон на крилја до 50 cm. Карактеристично за неа е една поголема темно-кафена дамка во вид на потковица која на стомакот ја имаат мажјакот и женката. Оваа дамка кај мажјакот редовно е поистакната. Женките и мажјаците тешко се разликуваат помеѓу себе. Женките се разликуваат од мажјаците само по шаренилото на пердувите на крилата. Овие пердувчиња имаат една изразита надолжна бела пруга и странично бели попречни линии. Кај мажјаците постои само надолжната пруга. Полските еребици имаат добро развиено сетило за слух и вид. Живеат околу три години и покрај грабливците голема опасност за нив претставуваат и хемијските средства кои се употребуваат во земјоделството за сузбивање на плевели.

Размножување

Живеат во парови, кои ги образуваат во периодот од февруари и март. Брзо после тоа почнуваат да се парат и женката положува до 18 сиво-зелени јајца, во претходно направено гнездо. Женката лежи на јајцата 24 дена, додека мажјакот чува стража. По испилувањето на младите потребана е голема количина на храна, која ја сочинуваат најмногу инсектите.

Еребица Камењарка

Еребицата камењарка може да се сретне на Алпите, во јужна и средна Италија и на некои делови на Балканскиот полуостров, во Македонија се среќава најчесто во Мариово. Најчесто престојува во предели каде има слаба вегетација.

Изглед

Еребицата камењарка е голема до 36 cm, а распонот на крилјата може да и достигне до 60 cm. Истото како и полската еребица се одликува со изразито пепелава боја, додека во долниот дел од телото и преовладува белата боја со црни шари. Оваа врста на птици живее во мали јата и се храни со семки, капини, инсекти и полжави.

Размножување

Животниот век на оваа еребица може да трае и до 8 години, на кои често влијаат непријателите како што се лисиците, куните, творовите, птиците грабливки и др. Сезоната на парење е во периодот на пролетта. Женката снесува од 10 до 15 бели јајца со црвени пеги на кои лежи од 24 до 26 денови.

Распространетост

Европа и Азија

Еребицата како тема во уметноста

  • „Јаребице шарена“ - македонска народна песна.[1]

Наводи

  1. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 177.
licence
cc-by-sa-3.0
droit d’auteur
Автори и уредници на Википедија

Еребица: Brief Summary ( macédonien )

fourni par wikipedia emerging languages

Еребицата е род на птици од фамилијата на кокошки. Спаѓа во групата на пердувест ловен дивеч и опфаќа неколку подвидови, помеѓу кои најраспространети се полската еребица и еребицата камењарка. На подрачјето на Република Македонија живее средноевропската полска еребица Perdix perdix.

licence
cc-by-sa-3.0
droit d’auteur
Автори и уредници на Википедија