Panthera pardus japonensis es un subspecie de Panthera pardus.
Севернокинескиот леопард (Panthera pardus japonensis) е подвид на леопард, кој живее во северниот дел на Кина. Овој леопард е толку редок што речиси никогаш не се среќава во дивинаа. Живее во шумите и на планинските пасишта. Како и кај останатите леопарди, и неговиот плен се состои од глодари до срни, диви кози и диви свињи.
Севернокинескиот леопард е мачка со средна големина. Крзното му е прошарано со розети кои многу наликуваат на оние на јагуарот. Овој подвид има најтемна боја на крзното кое е изградено од најдолги влакна, споредено со останатите подвидови на леопард.
Овој подвид на леопард обично се пари сезонски за време на јануари и февруари. Еструалниот циклус трае околу 46 дена и женката овулира околу 6-7 дена.
Младенчињата се раѓаат во легла од 2-3 индивидуи, но смртноста кај малите е доста голема, па многу ретко се забележуваат мајки со повеќе од 1-2 малечки. Трудните женки наоѓаат пештера, дупка меѓу стени или шупливо дрво и тука прават дувло и ги раѓаат младите леопарди. Младенчињата се раѓаат слепи и ги отвараат очите после период од 10 дена. Крзното им е подолго и погусто отколку кај ворасните индивидуи. Бојата не крзното е посивкаста и нема јасно дефинирани точки.
На возраст од 3 месеци младите почнуваат да излегуваат од дувлото и да ја следат мајката при ловот. Иако веќе на едно-годишна возраст се смета дека младите леопарди се способни да се грижат за себе, тие остануваат со мајката околу 18-24 месеци.
Никој не знае со сигурност колку севернокинески леопарди живеат во дивината. Има околу 100 индивидуи во заробеништво, и потребни се индивидуи кои не се во крво сродство за да може да се продолжи со здраво размножување на видот. Сепак бидејќи никој не го знае нивниот точен број во дивината, нема доволно докази за да посериозно се почне со заштита на овој вид. Според последните пресметки од пред повеќе од 5 години, се претпоставува дека има околу 2500 индивидуи во дивината.
Еден од најзначајните предци на севернокинеските леопарди во заробеништво е мажјакот со име Ченг Чи. Овој леопард е роден во заробеништво во Торонто, Канада во 1976 година. За време на програмата за размножување, Ченг Чи, имал 15 младенчиња а до денес се смета дека бројот на неговите потомци е над четириесет. Последниот пат кога му се родиле млади било во 1988 година, а умрел во 1993 година.
Севернокинескиот леопард (Panthera pardus japonensis) е подвид на леопард, кој живее во северниот дел на Кина. Овој леопард е толку редок што речиси никогаш не се среќава во дивинаа. Живее во шумите и на планинските пасишта. Како и кај останатите леопарди, и неговиот плен се состои од глодари до срни, диви кози и диви свињи.