dcsimg

Остроклун кит ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Остроклуниот кит (Balaenoptera acutorostrata) е најмалиот вид браздести китови (Balaenoptera), односно китови што имаат растеглив, набран хранопровод. Ова е исто така најмногубројниот вид, со вкупен број од дури еден милион единки. Како својот многу поголем сродник, синиот кит, и овој вид има тело во облик на торпедо, со една грбна перка што се наоѓа одзади кон опашката. Од горната страна тој има сива или кафеава боја, а одозгора има посветла боја. Понекогаш на кратките шилести перки се наоѓа по една бела лента. Остроклуните китови живеат сами или во мали групи. Тие се природно љубопитни и редовно им приоѓаат на бродовите. Јадат мали риби и плактонски животни, а, како и другите браздести китови, главно се хранат во области со студени води. Во текот на сезоната на размножување јадат многу помалку, а тогаш се селат во тропските води. Остроклуниот кит е единствениот кит браздан што се уште се лови во комерцијални цели, и покрај мораториумот што го почитуваат повеќе држави членки на Меѓународната комисија за ловење китови (IWC)[1].

Наводи

  1. Arnason, U., Gullberg A. & Widegren, B.. Cetacean mitochondrial DNA control region: sequences of all extant baleen whales and two sperm whale species. „Molecular Biology and Evolution“ том 10 (5): 960–970. PMID 8412655. http://mbe.oxfordjournals.org/cgi/content/abstract/10/5/960. посет. 13 јули 2007 г.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Остроклун кит: Brief Summary ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Остроклуниот кит (Balaenoptera acutorostrata) е најмалиот вид браздести китови (Balaenoptera), односно китови што имаат растеглив, набран хранопровод. Ова е исто така најмногубројниот вид, со вкупен број од дури еден милион единки. Како својот многу поголем сродник, синиот кит, и овој вид има тело во облик на торпедо, со една грбна перка што се наоѓа одзади кон опашката. Од горната страна тој има сива или кафеава боја, а одозгора има посветла боја. Понекогаш на кратките шилести перки се наоѓа по една бела лента. Остроклуните китови живеат сами или во мали групи. Тие се природно љубопитни и редовно им приоѓаат на бродовите. Јадат мали риби и плактонски животни, а, како и другите браздести китови, главно се хранат во области со студени води. Во текот на сезоната на размножување јадат многу помалку, а тогаш се селат во тропските води. Остроклуниот кит е единствениот кит браздан што се уште се лови во комерцијални цели, и покрај мораториумот што го почитуваат повеќе држави членки на Меѓународната комисија за ловење китови (IWC).

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија