dcsimg

Градинско грмушарче ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Градинското грмушарче (науч. Sylvia borin) е вообичаена и широко распространета врапчевидна птица низ речиси цела Европа и западна Азија. Ја има и во Македонија. Таа е обична, со долги крилја и долга опашка, кафеава одозгора, бела одоздола, без особени карактеристики. Половите се слични, а и младенчињата. Поради недостаток на главни карактеристики овој вид може да се помеша со голем број други грмушари. Неговата богата мелодична песна е слична на црноглавото грмушарче, нејзиниот најблизок роднина, со кој се натпреварува за територијата при вгнездувањето во исти дрвја.

И покрај нејзиното име, градините не ѝ се вообичаено живеалиште, туку отворените шумски предели со ниски грмушки за гнездење. Несе 4-5 многу испрскани кремави јајца во гнездо во облик на неуредна чашка, изградено близу до земјата и скриено во густата вегетација. Јајцата се инкубираат 11-12 дена,пилињата ги хранат обата родитела, а се оперјуваат по околу 10 дела. Само околу четвртина од младите птици ја преживуваат својата прва година.

Градинското грмушарче е птица преселница, која презимува во субсахарна Африка. Се храни главно со инсекти во сезоната на парење, иако овошјето преовладува кога птиците таложат масти пред миграцијата. Смоквите се особено омилени каде што се достапни.

Оваа птица е жртва на многу предатори, како јастребот врапчар и домашната мачка и често е домаќин на паразитската кукавица. Големиот и стабилен број како и широкиот опсег на распространетост ја сместува оваа птица во категоријата на вид со најмала загриженост.

Таксономија и систематизација

Градинското грмушарче за првпат беше опишано од Питер Бодерт (Pieter Boddaert) во 1783.[2] Името на родот silvia потекнува од латинскиот, со значење на „шумска нимфа“ и поврзано со дрвото silva.[3] А borin произлегува од локалното име на птицата во Џенова, Италија; а е од латинското bos, говедо, затоа што се верувало дека овие птици ги придружуваат говедата.[4]

Има два подвида.[5]

Опис

Градинското грмушарче е долго 14 см и тежи 16–22 грама, но може да тежи и до 35.5 грама пред миграција[7] Тоа е обично, со долги крилја и долга опашка, неишарано маслинавокафево одозгора и обично бело одоздола. Има белкав прстен околу окото и светла линија над окото и светлопортокалово на грлото и слабините. Очите се црни, нозете синосиви, а силниот клун е сив горе и посветол долу. Мажјаците и женките се исти, па дури и во големината.

Огласување

Пеење на мажјакот, Финска

Мажјакот обично пее скриен во густата вегетација, а песната му е богато музикално чрчорење, обично експлозивно, во треаење од неколку секунди, но понекогаш и подолго. Песната му е слична со пеењето на грноглавото грмушарче, иако во споредба со него, малку му е пониска, понепрекината и повесела. И дават вида имаат тивка потпесна, придушена верзија на целата песна, во која многу тешко се разликуваат.[8] Најчест повик на птицата е остро кик-кик, што забрзано го повторува како знак за тревога.[9] Понекогаш имитира други птици,[7] но самиот е често имитиран од страна на црноглавото грмушарче.[8] Двата вида пеат слично на славејчето, иако не се роднински поврзани.

Однесување

Живеалиште

 src=
Распеан мажјак во Англија

Живеалиштето на градинското грмушарче се отворените предели со густи грмушки, вклучувајќи ги и шумските рабови. Ги преферира областите со сенки, високите треви и грмушки и шумите во непосредна близина на реки. Ги избегнува старите четинари и густи насади, иако младите иглолисни насади со густи грмушки се погодни за гнездење. И покрај неговото име, тоа не е птица на градините.

Размножување

Оваа птица започнува со размножување на едногодишна возраст и вообичаено се моногамни.[8] Кога мажјаците се враќаат од преселба, тие ја зафаќаат својата територија.[8] Sylvia видовите се специфични по тоа што енергично ја бранат својата територија, и иако имаат исти потреби и живеалиште со црноглавото грмушарче, тие никогаш не ја делат.[10][11]

Мажјакот ја привлекува женката со пеењето и прикажувањето кое се состои од брзо мавтање со крилјата додека се перчи. Тој, исто така, гради повеќе едноставни гнезда, за да ѝ го покаже на партнерката, иако ретко кое од тие се користи, бидејќи таа ќе изгради ново. [8] Гнездото го градат ниско, на 0.3 до 1.2 метра над земја, а многу ретко повисоко од 2 м. Гнездото е чашка од сува трева, гранчиња и мов, послано со пофин растителен материјал и влакна. Леглото типично има 4-5 јајца, белкави или кремави испрскани со сиви, виолетови и кафеави дамки. Обата родитела ги инкубираат јајцата 11–12 дена, а ноќе само женката лежи на нив. Пилињата се излегнуваат голи и слепи, а ги хранат двата партнера. Се оперјуваат по околу 10 дена, напуштајќи го гнездото набрзо откако ќе бидат способни за летање.[7] Обично имаат едно легло, но не е необично да имаат и две легла годишно.[12]

Исхрана

 src=
Смоквите се популарна храна за подготовка за миграција

Оваа птица во сезоната на парење се храни со инсекти, иако и други без’рбетници доаѓаат предвид, како на пример пајаците. Го собира својот плен од листовите и гранчињата од дрвјата, понекогаш и висејќи за да го направи тоа. По парењето, ја менуваат исхраната, и се хранат со овошје. Бобинките и особено смоквите, се многу важни за подготовка на организмот за миграција.[13]

Статус

Градинското грмушарче има многу широк опсег од 9,650,000 км² и популација од 17 до 31 милион парa во Европа, а заедно со птиците во Азија бројот се движи од 54 до 124 милиони индивидуи. Најголема закана им се јастребот врапчар и домашната мачка, а понекогаш е домаќин на паразитската кукавица.[14] Но, нема некои сериозни падови на бројките, па затоа е класифицирана во вид со најмала загриженост.[15]

Наводи

  1. BirdLife International (2012). Sylvia borin. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 July 2012. (англиски)
  2. Boddaert (1783) p. 35.
  3. Jobling (2010) p. 59.
  4. Jobling (2010) p. 75.
  5. Baker (1997) pp. 339–340.
  6. Sharpe (1877) pp. 308, 311, plate 14.
  7. 7,0 7,1 7,2 Snow & Perrins (1998) pp. 1314–1316.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Simms (1985) pp. 56–67.
  9. Simms (1985) pp. 68–80.
  10. Mason (1995) pp. 42–45.
  11. Garcia, Ernest F J. An experimental test of competition for space between Blackcaps Sylvia atricapilla and Garden Warblers Sylvia borin in the breeding season. „Journal of Animal Ecology“ том 52 (3): 795–805.
  12. Coombes (2011) p. 153.
  13. Thomas, D K. Figs as a food source of migrating Garden Warblers in southern Portugal. „Bird Study“ том 26 (3): 187–191. http://www.tandfonline.com/doi/pdf/10.1080/00063657909476637.
  14. Mann et al. (2012) p. 479.
  15. „Garden Warbler Sylvia borin. Species factsheet. BirdLife International. конс. 30 May 2013.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија

Градинско грмушарче: Brief Summary ( Macedonian )