Гинковидните (науч. Ginkgoales) се ред на голосеменици, кој содржи само еден опстанат вид — гинкото (Ginkgo biloba).[1] Станува збор за монотипски таксон во класата Ginkgoopsida (Гинкови), која исто така е монотипски таксон во склоп на одделот Ginkgophyta (Гинкови). Редот вклучува пет семејства,[2] од кои само семејството Гинка (Ginkgoaceae) има живи претставници.[3]
Првите фосилни гинко листови кои биле пронајдени потекнуваат од периодот тријас, но постоеле и мноштво други видови на гинко за време на периодите јура и креда. Овие периоди, познати колективно како мезозојска ера, се одликувале со огромна разновидност и дистрибуција на скоро сите растителни групи, вклучително и гинковите растенија.[4] Во почетокот на кенозојскиот период, особено во раните периоди на креда и терцијар, речиси сите гинковите растенија изумреле.[2][4]
Гинковите дрвја се дводомни растенија (постојат посебни машки и женски единки). Машките цветови се наоѓаат на кратки изданоци, а имаат облик на реси во кои се наоѓаат прашниците. Женскиот цвет е сместен на долга дршка, на чиј крај се наоѓаат два плодника. Плодниците се оплодуваат од машки гамети кои имаат камшичиња (флагели) и можат слободно да се движат. Процесот на оплодување започнува во пролетно време на самото дрво. Потоа плодниците се зголемуваат до големина на плод (околу 2-3 сантиметри во дијаметар), паѓаат од дрвото во текот на есента, а оплодувањето продолжува во текот на зимата и пролетта.[4][5] Зрелото семе личи на костелка, надворешниот слој е месест и со непријатен мирис, а внатрешниот слој е тврд.
Гинковидните (науч. Ginkgoales) се ред на голосеменици, кој содржи само еден опстанат вид — гинкото (Ginkgo biloba). Станува збор за монотипски таксон во класата Ginkgoopsida (Гинкови), која исто така е монотипски таксон во склоп на одделот Ginkgophyta (Гинкови). Редот вклучува пет семејства, од кои само семејството Гинка (Ginkgoaceae) има живи претставници.