dcsimg

Буковидни ( Macedonian )

provided by wikipedia emerging languages

Буковидните (науч. Fagales) се ред на цветни растенија, каде се вбројуваат најшироко распространетите дрва. Името го добиле по родот Буки (Fagus). Припаѓаат на розидната група на дикотиледони. Во овој ред спаѓаат следниве семејства и родови:

Во постариот Кронквистов систем се наведуваат само четири семејства (Брези, Corylaceae, Буки, Тикодендрони; Corylaceae не припаѓале на Брезите); овој распоред го следи Светскиот попис на одбрани растителни семејства. Другите семејства биле разделени во три различни реда, сместени во Хамамелиди. Казуариновидните се состоеле од едно семејство (Казуарини), Оревовидните се состоеле од Оревите и Коњски опашки, а Восковцовидните ги опфаќале преостанатите (плус Balanops). Промените се должат на испитувањата со кои е востановено дека вака утврдените Восковцовидни, се парафилетски во однос на другите групи.

license
cc-by-sa-3.0
copyright
Автори и уредници на Википедија